Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика

    09.09.2026 во 18:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДУИ бара одговорност од Касами за знамето во Тетово: Изоставено албанското, а поставено знамето од Вергина
    • Лефков: Се премолчува исплатата на долговите кон земјоделците и растот на пензиите
    • Тешко повреден 16-годишен малолетник откако паднал од електричен тротинет во Тетовско
    • Спречен влез на пиперки од Македонија и грозје од Турција во Бугарија поради пестициди
    • Силно невреме ја зафати Словенија: Железничкиот сообраќај во целосен прекин, нема струја, паднати дрвја
    • Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна
    • Дневен хороскоп: Венера во Скорпија носи страст, Младата Месечина во Девица отвора нови можности
    • ИЈЗ: Осуммина починати од западнонилска треска, регистрирани 58 случаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ бара одговорност од Касами за знамето во Тетово: Изоставено албанското, а поставено знамето од Вергина

    ДУИ бара одговорност од Касами за знамето во Тетово: Изоставено албанското, а поставено знамето од Вергина

    10.09.2026 во 10:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара институционална одговорност за градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, порачувајќи дека при одбележувањето на 35-годишнината од независноста во градот било поставено знамето од Вергина, додека албанското национално знаме било изоставено.

    Од опозициската партија оценуваат дека овој чин не претставува протоколарен пропуст, туку одраз на односот на власта кон националните симболи на Албанците.

    „Демократската унија за интеграција бара институционална одговорност за Биљал Касами, кој при одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија во Тетово избра да го постави знамето на Вергина, додека албанското национално знаме беше изоставено. Ова не е прашање на протокол, туку јасен показател за односот на власта кон албанскиот национален симбол“, стои во партиското соопштение.

    Од ДУИ потсетуваат на изборните ветувања на коалицијата ВЛЕН за рамноправна употреба на знамето, химната и грбот, обвинувајќи дека по влезот во Владата тие ветувања биле заборавени кроз неколку последователни примери.

    „ВЛЕН во својата изборна програма вети дека албанското знаме, химна и национален грб ќе се користат рамноправно со македонските симболи. Но, штом станаа дел од Владата без легитимитет од албанските гласови, ветувањата беа заборавени. Најпрво, Максим Димитриевски ја забрани употребата на албанското национално знаме во нивната канцеларија; потоа видовме министри кои го избегнуваа на официјалните слики, додека за време на локалната изборна кампања албанското знаме недостасуваше токму таму каде што требаше да биде највидливо. Сега, на државен празник, кога неговата употреба е предвидена со закон, албанското знаме повторно е изоставено“, наведуваат од партијата.

    Опозициската партија дополнително реагира на тоа што наместо официјални симболи, во центарот на Тетово бил истакнат симбол кој е во спротивност со меѓународните договори.

    „Врвот на ова лицемерие е што, додека албанското национално знаме се изоставува, во центарот на Тетово се поставува знамето на Вергина, симбол кој не е официјален државен симбол и е во спротивност со Преспанскиот договор. Значи, за оние кои ветуваа рамноправност на националните симболи, албанското знаме нема место, додека еден неинституционализиран симбол има место на државна церемонија. Ова зборува повеќе од која било изјава за нивната денешна политика“, се додава во соопштението.

    Од ДУИ апелираат надлежните органи да извршат проверки околу законската основа за овој настан и да ги утврдат одговорните лица.

    „ДУИ бара надлежните органи да ја проверат законската основа на овој чин и одговорноста на лицата кои наредиле, одобриле или го реализирале поставувањето на знамето на Вергина, како и да објаснат зошто е изоставено албанското знаме. Законите не можат да се применуваат селективно, а ветувањата за рамноправност не можат да се користат само за добивање на гласовите на Албанците“, истакнуваат од ДУИ.

    На крајот од соопштението се нагласува дека државните празници мора да се одбележуваат со почитување на сите заедници и закони во земјата.

    „Касами може да прави политички компромиси за да ја задржи функцијата уште еден ден, но не може да го продава достоинството и националниот симбол на Албанците. 35-годишнината од независноста треба да биде ден на почитување на државата, законот и рамноправноста, а не ден на понижување и негирање на албанскиот симбол“, заклучуваат од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    Лефков: Се премолчува исплатата на долговите кон земјоделците и растот на пензиите

    10.09.2026 во 10:48

    ВМРО-ДПМНЕ: Општина Кисела Вода со низа инвестиции во образованието, спортот и социјалната заштита

    10.09.2026 во 09:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.