Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе се задржи сончево и топло време.
Во деновите од викендот под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер.
Од сабота дневната температура ќе биде во значително опаѓање.

