Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали: Евроинтеграцијата не може да ја води само Владата, Собранието мора да врши силен надзор
    • Мицкоски: Ако талогот ја победи елитата тогаш елитата ќе си замине
    • Приведен 46-годишник од тетовско: Со тврд предмет ги нападнал снаата и нејзината 7-годишна ќерка
    • Мицкоски: За Дејвид Гета и сите настани потрошивме 0 денари
    • Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
    • Тошковски од Тетово: Намален бројот на сообраќајни жртви благодарение на „Безбеден град“, системот се проширува и во Велес
    • СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма
    • Гори на пет локации во Македонија – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали: Евроинтеграцијата не може да ја води само Владата, Собранието мора да врши силен надзор

    Сали: Евроинтеграцијата не може да ја води само Владата, Собранието мора да врши силен надзор

    09.09.2026 во 14:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија.222233116

    Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.

    Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието.

    Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите.

    Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси.

    Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка.

    Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија.

    „Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Ако талогот ја победи елитата тогаш елитата ќе си замине

    09.09.2026 во 14:12

    Приведен 46-годишник од тетовско: Со тврд предмет ги нападнал снаата и нејзината 7-годишна ќерка

    09.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.