Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче по повод 8 Септември: Оваа генерација има обврска да се избори за Европска Македонија

    Филипче по повод 8 Септември: Оваа генерација има обврска да се избори за Европска Македонија

    08.09.2026 во 10:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста, осврнувајќи се на историскиот континуитет на македонската државност и европската иднина на земјата.

    Тој посочи дека државноста е градена низ генерации, почнувајќи од Илинден и АСНОМ, па сè до референдумот во 1991 година.

    – Честит 8 Септември – Денот на независноста! Денес одбележуваме 35 години од историската одлука на македонските граѓани за независна, суверена и демократска држава – се вели во честитката од Филипче.

    Лидерот на СДСМ нагласи дека секоја генерација имала своја специфична ролја во зачувувањето и развојот на државата.

    „Нашата државност не започна во 1991 година, создавана е низ генерации, преку историски, политички и револуционерен континуитет. Од идеалите на Илинден, преку одлуките на АСНОМ со кои беше втемелена македонската државност, до референдумот на 8 Септември и одлуката да продолжиме по патот на независноста. Секоја генерација имала своја историска улога. Илинденската генерација ги постави темелите на борбата за слобода. АСНОМската генерација ја оствари таа цел и ја втемели македонска државност. Генерацијата од 1991 година се избори за независна држава, избирајќи го мирот во време на војни, и ја започна тешката битка за меѓународно признавање. Генерациите потоа решаваа тешки спорови и остварија една од клучните стратешки цели поставени уште од независноста – членството на Македонија во НАТО, го отворија патот кон Европската Унија и го обезбедија македонскиот јазик и идентитет“, наведува Тој.

    Филипче ја истакна и улогата на СДСМ во тие процеси, додавајќи дека денешната одговорност е насочена кон младите и подобрувањето на животниот стандард.

    „СДСМ е дел од тој државотворен континуитет – активен учесник во создавањето и развојот на современата македонска држава, во борбата за независност по мирен пат, меѓународното признавање, членството во НАТО и европската интеграција. Но денес, кога славиме 35 години независност, мора да гледаме пред сè напред – кон годините и децените што доаѓаат. Нашите предци се бореа да имаме своја држава. Оваа нашата генерација има обврска да се избори нашите деца да сакаат да живеат во неа, да се избори за Европска Македонија“, истакнува лидерот на СДСМ.

    Во завршниот дел од честитката тој повика на изградба на функционална и економски силна држава.

    „Затоа што државата е и секојдневниот живот на луѓето, на нашите деца и внуци. Државата е во создавањето можности родителите достоинствено да го издржуваат своето семејство, младите да создадат дом, а повозрасните да имаат мирна и достоинствена старост. Работниците да живеат од својот труд, достоинствено , без страв дали ќе им стигне платата до први. Да изградиме економски силна, европска држава, со подобар животен стандард, во која училиштата ќе се полнат со деца, наместо да се празнат, а младите своите соништа и својата иднина ќе ги гледаат тука, дома. Да изградиме европска држава со систем што функционира и правда што важи еднакво за сите. Да изградиме европска Македонија во која младите ќе можат да создадат дом и семејство, да имаат достоинствена работа, да успеваат со знаење и труд и да имаат европски можности дома. Тоа е нашата генерациска задача. Да ја продолжиме македонската државотворна линија – со заедништво, со достоинство, и со јасна визија за иднината во Европа. Затоа што Македонија е сè што имаме. Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста!“, соопштува Филипче.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.