Актерката Памела Андерсон синоќа ја прими престижната награда „Award of Courage“ за нејзината хуманитарна работа и долгогодишната борба против СИДА-та во Венеција.
Актерката е во Венеција по повод 83. Меѓународен филмски фестивал, на кој се прикажува нејзиниот нов филм „Place to Be“.
За оваа пригода таа избра портокалов фустан, кој ја истакна нејзината фигура. Го надополни изгледот со дискретен накит, а како и досега, се одлучи за природен изглед со многу малку шминка.
Во преден план беа нејзините пеги и природниот тен, што е промена за која се одлучила пред три години.
„Едноставно отидов на Модната недела во Париз без шминка. Воопшто не мислев дека некој ќе го забележи тоа“, изјавила подоцна за ELLE.
Таа објаснила дека потоа непознати луѓе ѝ приоѓале за да ѝ се заблагодарат.
„Не го планирав тоа. Го направив за себе“, рекла Андерсон.

