Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Коњановски направи отчет за првата година од мандатот: Вложуваме во патна инфраструктура, нови градинки и спортски објекти

    Коњановски направи отчет за првата година од мандатот: Вложуваме во патна инфраструктура, нови градинки и спортски објекти

    07.09.2026 во 14:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на денешната прес-конференција го презентираше сублиматот од сработеното во првата година од неговиот мандат. Тој посочи дека и покрај затечените проблеми, општината бележи напредок преку реализација на бројни капитални и инфраструктурни проекти.

    Според Коњановски, во изминатиот период се обезбедени 81 проект од владините повици преку унгарскиот кредит, со кои се опфатени над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура во градот и населените места. Дополнително, реализирани се инвестиции во водоводната и канализационата мрежа од над 3 километри, изградени се 220 нови паркинг места, а во тек е и реконструирање на спортски терени и сали.

    Во делот на заштитата на децата и образованието, градоначалникот го истакна проширувањето на капацитетите во детските градинки, како и проектот за изградба на ново училиште во населбата Буковски Ливади вредно над 31 милион денари.

    Покрај сите предизвици со кои се соочуваме како од демографска така и од инфраструктурна природа продолжуваме да инвестираме за нашата иднина. Затоа работиме и на проектот којшто го ветивме за изградба на училиште во населбата Буковски ливади со комплетна опременост соодветна за воспитно-образовната институција за што инвестираме над 31 милион денари – истакна Коњановски.

    Тој направи преглед и на инвестициите во спортот и културата, издвојувајќи ги проектите за реконструкција на поранешната боксерска сала, адаптацијата на Киното „Партизан“ во мултинаменски објект со инвестиција од 96 милиони денари, како и планираното проширување на велосипедистката мрежа.

    Во однос на социјалната заштита и противпожарната заштита, општината издвои 14,6 милиони денари за ранливите категории, а се интензивираат и работите на новата противпожарна зграда во поранешната касарна, која во втората фаза ќе биде поддржана со грант од 1 милион долари од Министерството за одбрана на САД.

    Ова не е дневна политика и популизам, туку континуирана и стратешка заложба на тим со јасна цел и визија, силна мотивираност и посветеност, насоченост, работа на проектна документација и работа на терен – порача градоначалникот на Битола.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.