Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите
    • „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција
    • Претепан ученик на голем одмор, напаѓачот извадил и пиштол – Драма пред училиште во Скопје
    • Хорор во Скопје: 17-годишник избодел 15-годишник
    • Скопје: Шестгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа со тротинет и автомобил
    • Се преврте автомобил во Скопје – повредени две млади девојки
    • „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје
    • Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова во Охрид се сретна со добитниците на „Инженерски прстен“

    Сиљановска-Давкова во Охрид се сретна со добитниците на „Инженерски прстен“

    05.09.2026 во 14:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во вилата „Билјана“ во Охрид оствари средба со добитниците на признанието „Инженерски прстен“.

    На средбата присуствуваа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, претседателот на Инженерската институција на Македонија, Андреј Лепавцов и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Дејан Метикош.

    Претседателката им го честиташе признанието на младите инженери, истакнувајќи ја важноста на нивното знаење, стручност и потенцијал за идниот развој на државата, со акцент на создавањето услови најуспешните кадри да го остварат својот потенцијал во земјава.

    За време на дебатата, лауреатите ги изложија своите критички видувања за состојбите во високото образование и укажаа на потребата од подобри услови за работа со цел да се спречи нивното заминување од државата. Беше предложено унапредување на законската рамка за соодветна евалуација на успесите при вработувањата на универзитетите и избегнување на генерациски вакуум.

    На средбата се отворија и прашања за јавната архитектура, дата центрите, поставеноста на фотоволтаици на плодно земјиште, одливот на кадри во соседството, како и апликацијата на европските стандарди (еврокодови) во домашната регулатива. Од областа на агрономијата беше истакната важноста на дигиталните технологии за зголемување на приносите во земјоделството.

    Министерот Андоновски ја објасни офанзивата на дигитализацијата, а претседателот на Комората, Метикош, упати покана за експертски настан за примената на стандардите на крајот на септември. Младите инженери истакнаа дека се спремни да превземат одговорност за технолошкиот развој во земјава.

    Сиљановска-Давкова предложи воспоставување база на добитниците на признанието за нивно подобро поврзување и вклучување во развојни проекти, потенцирајќи дека знаењето на младите инженери е значаен ресурс за државата.

    „Доколку сакаме развиена држава, мораме да им дадеме простор на младите инженери да создаваат тука“, истакна Претседателката.

    Прочитај повеќе

    Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите

    20.10.2026 во 15:28

    „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција

    20.10.2026 во 15:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.