Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се превртел со трактор во сопствениот двор: Прилепчанец заврши во болница
    • Сабајле уште во 8 часот ќе снема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Масовен руски напад врз Украина: Оштетени над 10 енергетски објекти, половина милион луѓе без струја
    • Владата набавува 100 нови амбулантни возила: Мицкоски утре на промоција кај СЦ „Борис Трајковски“
    • Метео аларм: Искористете го утрешното сонце – доаѓа пресврт
    • „Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – Вознемирена мајка се јавила во полиција
    • Тешка кражба во дебарската болница: вработена им дала клуч на крадци за да украдат пиштол од канцеларија
    • Ужас ја потресе Македонија: Мајка ја претепала ќеркичата, а 10-месечното бебе го оставала само без грижа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Затајувале данок, давале пари со камата и переле пари: Кривична пријава за фирма и две лица од Струмица

    Затајувале данок, давале пари со камата и переле пари: Кривична пријава за фирма и две лица од Струмица

    04.09.2026 во 16:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против едно правно и две физички лица од општина Струмица, поради постоење на основано сомневање дека првопријавеното правно лице сторило кривичното дело „даночно затајување“ по член 279 став 4 од КЗ, второпријавената во својство на одговорно лице во првопријавениот правен субјект го сторила кривичното дело „даночно затајување“ по член 279 став 1 од КЗ, додека пак третопријавениот, кој директно или индиректно ја остварува управувачката, односно контролната улога во пријавеното правно лице и кој има крајно и ефективно влијание во работењето и во неговото управување, ги сторил кривичните дела „даночно затајување“ по член 279 став 1, „лихварство“ по член 260 став 1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 од КЗ.

    Првопријавениот правен субјект во својство на даночен обврзник, второпријавената во својство на управител без ограничувања на правниот субјект и третопријавениот во својство на лице кое директно или индиректно ја остварува управувачката, односно контролната улога во правното лице, а воедно бил и потписник на банкарските сметки, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, со неточно утврдување на даночната основа постапиле спротивно на одредбите од Законот за данок на добивка и Законот за данок на доход и притоа во 2025 година била искажана помала даночна основа за оданочување со данок на добивка во износ од 13.981.844 денари на кои не бил пресметан и уплатен данокот на добивка на износ од 1.398.184 денари.

    Исто така, утврдени се и обврски за данок на личен доход во износ од 563.989 денари, а со таквите дејствија пријавените се стекнале со противправна имотна корист односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 1.962.173 денари.

    Третопријавениот вршел и услуги – давање на позајмици на правни и физички лица, за кои услуги договарал несразмерна имотна корист во висина од по 2.500 евра месечно за позајмица од околу 200.000 евра, притоа искористувајќи ја тешката состојба и прилики на лицето на кое му ја извршил услугата, за што преку извршител вршел блокирање и присилна наплата од сметките додека не му бидат дадени парите за камата.

    Третопријавениот на 31.05.2018 во филијала на деловна банка во Струмица уплатил во готово односно пуштил во промет износ од 500.000 евра, за кои не можел да им го докаже потеклото, со што тие претставуваат нелегално стекнати пари, односно пари прибавени со казниво дело, кои тој дополнително ги искористува во легалните парични текови преку орочување (депозити), давање на позајмици, уплата на комуналии за изградба на објекти и склучување на купопродажни договори.

    Дополнително, при претрес во неговиот дом во април 2026 година пронајдени и одземени се 597.500 евра, за кои исто така постојат основи за сомневање дека се прибавени со казниво дело. За тие пари како доказ за потеклото, пред органите за прогон ги искористил документите за уплатата на паричните средства на износ од 500.000,00 евра во 2018 година, кои тогаш ги пуштил во промет во легалните парични текови, заедно со наводи за дополнителна семејна заштеда.

    Со таквите дејствија третопријавениот се обидел да го прикрие потеклото на одземените пари на износ од 597.500 евра, за кои всушност немал доказ за потекло. Имено, од извршените дополнителни проверки и анализи утврдено е дека со приходите кои ги остварувал третопријавениот и членовите на неговото потесно семејство, не можеле да бидат заштедени толкави износи на пари ниту во периодот пред 2018 година пред да биде извршена уплатата од 500.000,00 евра на благајна во деловна банка, ниту пак можеле да бидат заштедени одземените 597.500 евра во периодот до април 2026 година.

    Прочитај повеќе

    Се превртел со трактор во сопствениот двор: Прилепчанец заврши во болница

    19.10.2026 во 17:57

    „Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – Вознемирена мајка се јавила во полиција

    19.10.2026 во 17:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.