Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алармантни податоци од Куманово: 16 деца годинава завршиле во болница поради голтање хемикалии и лекови

    Алармантни податоци од Куманово: 16 деца годинава завршиле во болница поради голтање хемикалии и лекови

    04.09.2026 во 16:093 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 16 деца со пријавени труења годинава биле згрижени на детското одделение при Општата болница во Куманово. Началничката на детскиот оддел во болницата, д-р Маргица Арсовска, информира дека родителите најчесто бараат помош за деца од две до четири години кои испиле детергенти, лекови или средства за чистење.

    – Најчести кај нас се труењата од лекови, без разлика дали станува збор за антибиотици, седативи, лекови за срце или дијабетес. Потоа имаме средства во домаќинството, разни средства за чистење, пестициди, а имаме и деца што јадат растенија. Децата истражуваат, сакаат да ја запознаат околината, но понекогаш тоа значи и дека ќе пробаат нешто што може да биде опасно – вели Арсовска.

    Таа посочува дека најчесто станува збор за краткотрајно невнимание на родителите и советува правилно складирање на лековите и хемикалиите во домот како мерка за превенција.

    – Во потешки случаи може да дојде и до губење на свеста, а одредени хемиски средства може да предизвикаат сериозни оштетувања на хранопроводот и желудникот – изјави таа.

    Доколку постои сомнеж за труење, Арсовска нагласува дека е клучно брзо однесување на лекар во првите два часа и понесување на оригиналната амбалажа.

    – Битно е родителот, ако се сомнева дека детето испило нешто, да го понесе шишенцето или кутијата од лекот, таблетата, да знаеме кој лек е испиен, приближната доза, колку останало во кутивчето и колку време поминало од моментот кога се сомневаат дека детето го испило. Тоа многу влијае во понатамошниот третман – објаснува Арсовска.

    Лекарите апелираат родителите да не предизвикуваат повраќање на своја рака.

    – При труење со хемикалии и детергенти родителите не треба самостојно да предизвикуваат повраќање бидејќи тоа може дополнително да го оштети организмот, особено кај корозивни средства – вели Арсовска.

    Особено внимание треба да се посвети на префрлањето на хемикалии во други садови.

    – Сите овие средства треба да се чуваат надвор од дофат на децата, без разлика дали се заклучени или ставени на високо место. Не треба да се менува нивната амбалажа. Ако, на пример, разредувач или боја се префрли во друго шише, детето може да помисли дека станува збор за сок и да го испие. Имаме и такви случаи. Затоа средствата треба да се чуваат во оригиналната амбалажа, со соодветна ознака и на безбедно место – вели Арсовска.

    Таа заклучува дека превенцијата и здравствената едукација на родителите се клучни за намалување на ваквите случаи.

    – Затоа најважно е родителите да бидат внимателни и лековите и сите потенцијално опасни средства да ги чуваат подалеку од децата – порачува Арсовска.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.