Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска од Солун: Со интерконекторите добиваме алтернатива, Македонија станува енергетски снабдувач во регионот

    Божиновска од Солун: Со интерконекторите добиваме алтернатива, Македонија станува енергетски снабдувач во регионот

    04.09.2026 во 14:493 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика Сања Божиновска учествуваше на панелот во рамките на 6. Метрополитен самит во Солун, каде што ја истакна важноста на регионалната соработка и инфраструктурното поврзување во енергетскиот сектор.

    Божиновска посочи дека по формирањето на Министерството за енергетика, фокусот е ставен врз градењето на интерконекторите со соседните земји.

    Воспоставивме Министерство за енергетика пред само две години, а денес веќе го градиме интерконекторот. Многу работи се случија изминатите две години. Но она што е исклучително важно е регионалната соработка. Секогаш е многу добро кога имате соработка, особено со соседите, а интерконективноста значи много бидејќи не можете да бидете остров, не можете да бидете изолирани кога зборувате за енергија – рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска на панелот во рамките на 6. Метрополитен самит во Солун.

    Таа ги изнесе очекувањата за динамиката на реализација на гасните интерконектори со Грција и Србија.

    Денес, две години подоцна, ги имаме целите: в година ќе бидеме, се надевам до јуни, најдоцна јули, готови со грчкиот дел од нтерконекторот, а до крајот на годината и со српскиот дел. Тоа значи ќе имаме алтернатива, а кога имате повеќе алтернативи, секогаш е подобро. Можеме исто така да бидеме и снабдувач за Југоисточна Европа и мислам дека ова е многу добро – истакна Божиновска.

    Во однос на регионалните министери за енергетика, Божиновска најави следни квартални средби.

    Ова е многу важно и многу добро, да се среќавате и да разгорате – кои се предизвиците, каде треба да се подобриме. Се договоривме квартално да се среќаваме во земјите. Ова ќе биде наш втор состанок. Сите научивме дека колку што е значајна соработката, толку е важна и посветеноста да се испорача – истакна Божиновска.

    Министерката се осврна и на домашната гасификација и користа за граѓаните во следниот период.

    Секако, не можете да добиете „да“ од секој човек во врска со проектите што ги спроведувате, но на крајот тоа ќе се види на следните избори каков е одговорот. Настрана од Грција и Бугарија, ние немаме гасификација во целата земја, така што почнавме со градење. Сакаме и другите градови да имаат централно греење, во моментот има само главниот град. Бенефитот од поврзувањето е придобивка за граѓаните и мислам дека тие ќе видат, не веднаш, но ајде да кажеме на среден рок, за 3 до 5 години – истакна министерката.

    За процесот на енергетска транзиција и напуштањето на јагленот, таа посочи дека е потребен внимателен пристап кон работниците.

    Затоа земјата има програма за праведна транзиција, има многу инвестиции за да можеме постепено да го исфрлиме јагленот од употреба, но тоа не е толку лесно, ни едноставно. Ни требаат многу инвестиции и сакаме тоа да биде праведно за сите луѓе што работат во рударството, мора да се грижиме за луѓето што всушност работат таму, да ги преквалификуваме, доквалификуваме. Тоа е многу комплициран процес, но мислам дека со 58 проценти обновливи извори сме на добар пат – рече Божиновска на панелот.

    Попладнево, во рамките на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа (SEEF), Божиновска ќе го потпише меморандумот за соработка, со што Македонија и официјално се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.