Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата

    03.09.2026 во 12:35

    Познатиот доктор Игор застрелан пред клиниката за ин витро оплодување: Вооружен човек испукал 20 куршуми

    03.09.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски најави изградба на нов булевар во Скопје: „Македонско-косовска бригада“ ќе добие четири ленти и нова инфраструктура
    • Сиљановска-Давкова од Охрид: Да ги задржиме младите инженери дома е стратешка цел за опстанокот на државата
    • Тешка сообраќајка во Скопје: Тројца полицајци пренесени на Клинички
    • Мицкоски: Македонија оди напред
    • Мицкоски: Опозицијата покажува непознавање за јавниот долг, еврообврзницата е за враќање на нивните стари долгови
    • Мицкоски: Лоши вести за опозицијата
    • (ФОТО) Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“, инвестиција од околу 100 милиони денари
    • Фрлала дрвја кон деца, па со остар предмет ги бркала – Кичевчанка заработи кривична пријава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Ѓорѓиевски најави изградба на нов булевар во Скопје: „Македонско-косовска бригада“ ќе добие четири ленти и нова инфраструктура

    (ФОТО) Ѓорѓиевски најави изградба на нов булевар во Скопје: „Македонско-косовска бригада“ ќе добие четири ленти и нова инфраструктура

    04.09.2026 во 13:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во тек се последните подготовки пред почетокот на изградбата на новиот булевар „Македонско-косовска бригада“, каде што денеска увид во активностите извршија градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

    Како што извести Ѓорѓиевски, изградбата во првата фаза ќе се одвива на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до булеварот „Босна и Херцеговина“.

    Новото сообраќајно решение предвидува четири ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, велосипедски патеки во двата правци и уредени тротоари. Проектот опфаќа и изградба на нова атмосферска канализација, современо улично осветлување, заштитно зеленило од двете страни и проширувања за автобуските стојалишта.

    Во својата изјава, Ѓорѓиевски го истакна значењето на инвестицијата за главниот град:

    „Скопјани заслужуваат модерна, безбедна и функционална инфраструктура. Тоа е еден од темелите на мојата визија за град што се развива плански, рамномерно и со јасна стратегија.“

    Тој додаде дека со оваа инвестиција се зголемува сообраќајната безбедност и се подобрува мобилноста на граѓаните.

    „Со изградбата на овој булевар создаваме нов, модерен и организиран урбан простор. Ја зголемуваме безбедноста, ја подобруваме мобилноста и градиме инфраструктура што ќе им служи на многу генерации. Скопје го развиваме рамномерно, во секоја општина и за секој граѓанин!“, порача Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Општина Центар објави повик за асистенти за ученици со посебни потреби: Месечен надоместок од 18.000 денари

    04.09.2026 во 11:24

    Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

    03.09.2026 во 21:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.