Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Две златни признанија за вината „Волкано“ и „Монте Роса“ на винаријата „Монтеко“

    Две златни признанија за вината „Волкано“ и „Монте Роса“ на винаријата „Монтеко“

    04.09.2026 во 12:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вината „Волкано“ и „Монте Роса“ на винаријата „Монтеко“ ја започнаа својата меѓународна приказна со значајни признанија на нивното прво интернационално оценување. Двете вина освоија златни одличја на престижниот натпревар „Мундус вини“ – 39th Grand International Wine Award 2026 во Германија, едно од најзначајните натпреварувања во светот за оценување на квалитетот на вината.   

    Врвниот квалитет и уникатниот вкус на „Волкано“ и „Монте Роса“ го освоија стручното жири на натпреварот. Значењето на златните признанија за овие две вина е уште поголемо со оглед на фактот дека станува збор за нивната прва берба, што претставува важна потврда за квалитетот и потенцијалот на новата винска приказна на „Монтеко“.  

    И двете вина се 100 отсто произведени од сортата „Каберне Совињон“, која е препознатлива за винаријата „Монтеко“. Грозјето потекнува од сопствените лозови насади на винаријата во кратовскиот регион, чиј специфичен тероар го сочинуваат и вулканските почви и надморската височина од околу 700 метри, што претставува еден од клучните елементи во препознатливиот карактер на вината.

    – За нашата винарија, златните признанија за „Волкано“ и „Монте Роса“ претставуваат повеќе од награда за две вина. Тие потврдуваат дека нашите вина уште во својата прва берба и при првото меѓународно оценување, имаат потенцијал да бидат препознаени и подалеку од домашниот пазар – велат од „Монтеко“.

    Ова признание ја истакнува посветеноста на „Монтеко“ кон создавање вина кои ја поврзуваат традицијата на кратовскиот регион, карактерот на сопствените лозови насади и современиот пристап кон производство, со амбиција македонското вино да добива сè позначајно место на конкурентната меѓународна винска сцена

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: Финансиски фокус за Биковите и комуникациски успеси за Близнаците

    22.10.2026 во 09:07

    Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство

    21.10.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.