Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    Познатиот доктор Игор застрелан пред клиниката за ин витро оплодување: Вооружен човек испукал 20 куршуми

    03.09.2026 во 16:23

    (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата

    03.09.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пожарникарите со полни раце работа: Избувнаа 31 пожари
    • Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за пристапување кон Вертикалниот гасен коридор
    • Филипче: Македонија губи време
    • УХМР со прогноза: Сончево и топло време до средината на идната недела
    • Ферати – Солстром: Посилна соработка за младите, бизнисите и дијалогот меѓу заедниците
    • Филипче: Држава не се води со суети и лажен патриотизам
    • Филипче: Уште од независноста за Глигоров Европа беше национална цел
    • Почина новинарката Глорија Стајнем, иконата на борбата за правата на жените
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожарникарите со полни раце работа: Избувнаа 31 пожари

    Пожарникарите со полни раце работа: Избувнаа 31 пожари

    04.09.2026 во 09:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), еден пожар е сè уште активен, три се под контрола, а 27 се целосно изгаснати.

    Единствениот активен пожар е во Општина Ѓорче Петров, кај селото Грачани, кој моментално се шири и гори шума на територијата на Република Косово.

    Под контрола се ставени три пожари. Тоа се пожарот во Општина Сарај кај селото Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација), во Општина Чучер-Сандево кај селото Брест на местото викано Рамно на Скопска Црна Гора (мешана шума), како и пожарот во Општина Струга, лоциран помеѓу селата Буринец и Локов каде гори нискостеблеста шума.

    Пожарникарите успеале целосно да ликвидираат 27 пожари ширум земјата.

    На подрачјето на Скопје се изгаснати пожари во Зелениково (над с. Палиград – Преслап), во Градскиот парк во Центар, на улицата „Боца Иванова“ во Бутел, во Визбегово зад хотелот „New Star“ во Шуто Оризари, како и во селото Љуботен.

    Во југозападниот и пелагонискиот регион изгаснати се пожари кај депонијата Буково во Охрид, на повеќе локации во Струга (с. Ложани, с. Јабланица и меѓу Октиси и Белица), во Прилеп (зад Факултетот и на потегот с. Дрен – с. Царевиќ), како и во Битола во населбата Стрчин.

    Интервенции имало и во полошкиот и североисточниот регион, каде се ликвидирани пожари во Милетино (Брвеница), Стримница и Лаце (Желино), Горна Бањица (Гостивар), Отља (Липково), Лопате (Куманово) и Петралица (Ранковце).

    Пожарите се целосно изгаснати и на локации во Маврово и Ростуше (м.в. Голем Брдаш и на планината Бистра кај м.в. Кириловец), во Велес, Струмица (с. Банско) и во Општина Градско (селата Ногаевци и Кочилари).

    Прочитај повеќе

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за пристапување кон Вертикалниот гасен коридор

    04.09.2026 во 09:01

    Филипче: Македонија губи време

    04.09.2026 во 09:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.