Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Гостивар: Мајка го пријавила синот во полиција
    • Расчистена кражба во гостиварско: Уапсен 36-годишник кој со закана одзел пари од спортска обложувалница
    • Дрога скриена во кампер – Германец падна на Табановце
    • Кратовчанка го пуштила кучето без подводник, по што нападнало сограѓанин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за пристапување кон Вертикалниот гасен коридор

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за пристапување кон Вертикалниот гасен коридор

    04.09.2026 во 09:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Солун ќе го потпише меморандумот за соработка со кој Македонија официјално се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор. Настанот се одржува во рамки на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа (SEEF).

    Иницијативата има за цел диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во регионот на Југоисточна, Централна и Источна Европа.

    Пред потпишувањето, предвидено е Божиновска да учествува на министерска тркалезна маса посветена на безбедноста, достапноста и конкурентноста во енергетскиот сектор, заедно со нејзините колеги од Грција, Бугарија и Кипар.

    Форумот во Солун се фокусира на енергетската сигурност, обновливите извори и регионалната соработка. Покрај ова, министерката претходно учествува и на 6. Метрополитен самит, каде што се разгледуваат теми поврзани со регионалното поврзување, инфраструктурниот развој и зелената транзиција до 2030 година.

    Одлуката за проширување на Вертикалниот коридор кон Македонија и Србија беше донесена во мај годинава на министерскиот состанок во Атина. Неодамна, претставниците на грчкиот оператор ДЕСФА и операторите од земјите учеснички ги допрецизираа деталите за проширувањето.

    Со приклучувањето кон овој коридор, земјата треба да обезбеди дополнителна енергетска стабилност. Проектот се одвива паралелно со изградбата на гасните интерконектори со Грција и Србија.

    Минатата недела беше потпишан Договорот за проектирање и изградба на интерконекторот со Србија, додека изградбата на оној со Грција е во тек и се очекува да заврши следната година. Со нивна финализација, Македонија ќе се поврзе на север и на југ со можност да прерасне во регионален центар за природен гас.

    Прочитај повеќе

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27

    (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок

    19.10.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.