Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, град и засилен ветер попладнево го зафати Кавадарци, информира метеорологот Славчо Попоски.
Според неговата објава, атмосферската нестабилност во овој регион донела силни електрични празнења и краткотрајни поројни врнежи.
„Среда 2 септември: Силно невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град во Кавадарци“, соопшти Попоски.
Невремето предизвика краткотрајни проблеми во одвивањето на сообраќајот и секојдневните активности на граѓаните во градот и околината.

