Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
    • Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
    • Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
    • Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
    • Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
    • На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска до пензионерите: И јас сум една од вас – пензија не значи крај на активниот живот

    Сиљановска до пензионерите: И јас сум една од вас – пензија не значи крај на активниот живот

    02.09.2026 во 13:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид се обрати на отворањето на 30. Републички пензионерски спортски натпревари 2026, посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и на 20 Септември – Денот на пензионерите на Македонија.

    „Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум една од вас“, порача претседателката, истакнувајќи дека пензионирањето не е крај на активниот живот, туку почеток на нов животен циклус во којшто мудроста, знаењето и искуството доаѓаат до особен израз. 

    За неа, спортот не е само физичка, туку и ментална вежба којашто го подобрува здравјето, го поттикнува дружењето и не учи да продолжиме да им се радуваме на успесите, но и полесно да се справуваме со неуспесите.

    Говорејќи за правата на пензионерите, Сиљановска-Давкова истакна дека тие треба да бидат вклучени во креирањето на политиките, а особено во носењето на законите и одлуките што се однесуваат на нив.

    Претседателката посочи на примерот на Јапонците, познати како најдолговечен народ, укажувајќи дека една од најважните причини за тоа е вербата во филозофијата на „икигаи“, според која, секогаш постои причина за нашето постоење и цели што треба да ги оствариме.

    На учесниците им посака фер-плеј, витешка борба и успех, како и уште многу вакви натпревари во иднина.

    На отворањето се обратија и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, претседателката на Здружението на друштва на пензионери на Словенија, Зденка Јан и претставникот на Министерството за спорт, Илија Ристески.

    На натпреварите е предвидено учество на 312 натпреварувачи од 41 здружение, членки на сојузот.

    Прочитај повеќе

    58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка

    19.10.2026 во 23:12

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.