Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
    • Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
    • Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
    • Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
    • Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
    • На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски го проба градскиот воз: Не ги решивме сите проблеми но одиме чекор напред

    Мицкоски го проба градскиот воз: Не ги решивме сите проблеми но одиме чекор напред

    02.09.2026 во 12:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на проектот „Градски воз“, оценувајќи дека неговата реализација е чекор напред во подобрувањето на транспортот и заштитата на животната средина.

    Тој посочи дека проектот бил реализиран за околу една година и рече дека условите на делницата од Зелениково до Централната железничка станица во Скопје се „европски“.

    „Дали со ова ги решаваме сите проблеми? Нема да ги решиме, но дали е ова чекор напред? Да, е чекор напред“, рече Мицкоски, додавајќи дека проектот може да придонесе и во намалување на загадувањето, особено пред почетокот на грејната сезона.

    Премиерот најави дека Владата ќе продолжи со реализација на проектите од својата програма, оценувајќи дека нивното спроведување го зголемува кредибилитетот на институциите и ја менува перцепцијата за државата.

    Мицкоски им се заблагодари на Министерството за транспорт, Македонски железници, локалните власти и сите институции вклучени во проектот и порача дека очекува во следниот период да бидат реализирани уште многу вакви проекти.

    Тој истакна и дека жителите на Зелениково ќе бидат директни корисници на новата линија и дека со воз ќе можат за кратко време да стигнат до центарот на Скопје.

    Прочитај повеќе

    58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка

    19.10.2026 во 23:12

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.