Топлото време продолжува и во доцните вечерни часови, па така според последните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во 23 часот низ повеќе градови во земјава се измерени температури кои се доближуваат до 30. степен.
Најтопло во 23 часот било во Скопје (Петровец) со измерени 28,8 степени, а веднаш зад него се Велес со 28,5 и Кавадарци со 28,3 степени. На Зајчев Рид во Скопје се измерени 27,5 степени.
Високи температури за овој период од денот се евидентирани и во Штип и Струмица со по 27,2 степени, Виница со 26,9 степени и Прилеп со 26,1 степен.
Во Тетово температурата изнесувала 25,4 степени, во Гевгелија точно 25 степени, додека во Битола и Претор биле измерени 23,7 степени.
Посвежи температури се забележани во планинските и повисоките места, па така во Ѓуриште се измерени 22,5 степени, во Пожаране 22,1, во Крушево 21,3, а во Крива Паланка 21 степен.
Најниски температури во 23 часот се регистрирани во Радовиш (Пожар) со 20,5 степени, Маврови Анови со 18,5 и на Попова Шапка, каде што се измерени 16,2 степени.

