Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Утрото навестува пеколен ден, температурите во 8 часот низ Македонија – Попладне невреме

    31.08.2026 во 08:18

    Ковачки: Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за нови членови и воведува дигитално ажурирање

    31.08.2026 во 11:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пуштена во употреба новата катна гаража во Пивара Скопје: 400 нови паркинг места за вработените
    • Скопје: Му ги олабавиле шрафовите на тркалото на автомобилот на сопругата, претходно две години добивал закани
    • Екс-градоначалникот на Дебрца заработи кривична пријава
    • Струга: Се паркирал за да се дрогира во кола, полицијата му тропнала на прозорец
    • Издавале испратници за дрва на избришана фирма – Кривична пријава за сопственик на фирма и службеник од МЗШВ
    • Сопреле „голф“ во Студеничани, па останале во шок: Полицијата откри кој управувал со автомобилот
    • Мајката на судијата Ристов купила станови за 400.000 евра но тоа не се заѕиданите пари
    • Клековски: Состојбата со западнонилската треска се смирува, регистрирани се 53 случаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пуштена во употреба новата катна гаража во Пивара Скопје: 400 нови паркинг места за вработените

    Пуштена во употреба новата катна гаража во Пивара Скопје: 400 нови паркинг места за вработените

    01.09.2026 во 16:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новата катна гаража во Пивара Скопје, реализирана на покана на генералниот директор на компанијата, Огњен Лазиќ.

    Станува збор за инвестиција вредна 2,8 милиони евра со која се обезбедуваат повеќе од 400 паркинг места за вработените, со што се унапредуваат пристапноста, безбедноста и сообраќајната организација во производствениот комплекс.

    Стефковски истакна дека од почетокот на мандатот застапува став дека големите индустриски капацитети во Автокоманда треба да обезбедат сопствен паркинг-простор за своите вработени.

    „Со години наназад голем број возила се паркираа низ улиците и јавните површини во населбата Автокоманда, што дополнително го оптоваруваше сообраќајот и го отежнуваше секојдневното живеење на граѓаните. Затоа сум особено задоволен што оваа инвестиција на Пивара Скопје значи конкретно решение – вработените добиваат обезбеден паркинг, а населбата добива помал сообраќаен притисок“, изјави Стефковски.

    Тој потенцираше дека и останатите индустриски капацитети во Автокоманда треба да го следат овој пример и да инвестираат во сопствени паркиралишта.

    „Но, ова е само почеток. Останувам на ставот дека и останатите индустриски капацитети во Автокоманда треба да инвестираат во сопствени паркинг-простори. Тоа не е само прашање на комфор, туку и прашање на одговорност кон граѓаните и средината во која работат“, додаде градоначалникот.

    За време на посетата, Стефковски разгледа повеќе објекти на Пивара Скопје и се запозна со производствените процеси и историјата на компанијата.

    „Ваквите инвестиции се доказ дека успешниот бизнис и успешната локална самоуправа треба да се движат во иста насока – со инвестиции, одговорност и партнерство. Бизнис-заедницата е исклучително важен партнер за локалниот економски развој. Кога компаниите инвестираат, се развиваат и ги унапредуваат условите за работа, придобивка има целата општина“, истакна Стефковски.

    Тој порача дека Општина Гази Баба ќе продолжи да гради отворен и партнерски однос со бизнис-секторот, но и ќе инсистира на одговорно работење во корист на заедницата.

    „Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи да гради отворен, партнерски и конструктивен однос со бизнис-заедницата, но и да инсистира на одговорно работење и решенија кои носат корист за граѓаните. Инвестициите на компаниите треба да значат подобри услови не само за вработените, туку и за заедницата во која функционираат“, заклучи Стефковски.

    Прочитај повеќе

    Прв училишен ден за 551 прваче во Центар: Бесплатни ранци и униформи за учениците

    01.09.2026 во 10:42

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Градиме таму каде што со години не се градело – Вака ќе изгледа мостот и влезот во Скопје

    01.09.2026 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.