СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(43) од с.Гошинце, општина Липково, сопственик и управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и А.Б.(30) од Скопје, помлад соработник во Сектор за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Првопријавениот, на 08.08.2023 од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, противправно подигнал испратници задолжени на правно лице, кое претходно било во сопственост на првопријавениот С.С., но на 15.02.2022 е избришано од Централен регистар согласно Закон за трговски друштва и притоа во 25 испратници, С.С. внел невистинити податоци кои ги заверил со својот потпис и печат од правно лице и противправно ги искористил како да се вистинити за продажба на огревно дрво и дрвни сортименти преку правно лице, со што се стекнал со имотна корист.
Второпријавениот А.Б., како службено лице со задолжение од 06.07.2022 за издавање на испратници, не извршил соодветна контрола на документацијата, доставена од првопријавениот С.С. и не утврдил дека правното лице е ликвидирано, по што му задолжил испратници.
- Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
- Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
- 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
- Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
- Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
- Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
- Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
- На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто

