Мајката на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов во јануари 2025 година уплатила околу 400.000 евра за четири станови кои во тој момент сè уште не биле изградени, сведочеше денеска во Кривичниот суд инвеститорот Круме Апостолов.
Според неговото сведочење, становите биле со вкупна површина од околу 250 квадратни метри, а договорот бил склучен кај нотар. Изградбата, како што рече, доцнела поради проблеми со документацијата.
Апостолов сведочеше дека Донка Ристова подоцна побарала да ѝ биде вратен барем дел од уплатената сума, но дека тој веќе ги инвестирал средствата и не ѝ вратил пари.
Во вкрстеното испрашување, сведокот рече дека за становите не комуницирал со судијата Ѓоко Ристов и дека немал предмет кај него.
По рочиштето, адвокатот Звонко Давидовиќ изјави дека и 400.000 евра уплатени за становите и 350.000 евра пронајдени соѕидани во куќа во Неготино се пари на родителите на неговиот клиент и дека, според одбраната, Обвинителството не докажало дека средствата му припаѓаат на судијата.
Обвинителката Искра Хаџивасилева, пак, оцени дека денешното сведочење го оспорува тврдењето на одбраната дека 350.000 евра пронајдени во ѕидот се дел од средствата уплатени за становите кои, поради доцнењето на изградбата, наводно биле вратени.
Ристов е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари и други приноси од казниво дело. Во куќа во Неготино претходно беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид, распоредени во 13 пакувања.
- Дрога скриена во кампер – Германец падна на Табановце
- Кратовчанка го пуштила кучето без подводник, по што нападнало сограѓанин
- Дома чувал туѓ пиштол иако знаел дека не смее: Кривична пријава за кумановец
- Никогаш не пијте вода од пластично шише кое било во жежок автомобил
- Заладувањето наскоро пристигнува во регионот – познато кога доаѓа и снегот
- Повеќе земји издадоа итни предупредувања за патување – Хаосот во Франција ја вознемирува Европа
- Силен земјотрес го погоди Таџикистан
- Полицијата на нозе – Неколку исчезнувања пријавени во јужна Србија во рок од неколку дена

