Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Утрото навестува пеколен ден, температурите во 8 часот низ Македонија – Попладне невреме

    31.08.2026 во 08:18

    Ковачки: Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за нови членови и воведува дигитално ажурирање

    31.08.2026 во 11:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: ЕУ повторно да покаже волја за проширување
    • Се намалува бројот на хоспитализирани од западнонилска треска
    • Јаневска до првачињата: Побарајте братче или сестриче од родителите
    • Мицкоски: Секоја година се раѓаат по 8.000 деца помалку
    • 13 годишно дете избодело тројца во Чаир
    • Мицкоски до учениците: Знаењето нека ви биде патоказ кон иднината
    • Мртов маж најден во дворот на битолската болница
    • Кривичен суд со нова претседателка: Димовска ветува ажурност и независност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: ЕУ повторно да покаже волја за проширување

    Муцунски: ЕУ повторно да покаже волја за проширување

    01.09.2026 во 12:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од Бледскиот стратешки форум порача дека членството во Европската Унија и НАТО е клучно за безбедноста и стабилноста на регионот.

    Муцунски оцени дека Европа има можност да го врати својот кредибилитет доколку на процесот на проширување гледа низ стратешка, а не само низ бирократска призма. Според него, за проширувањето е потребна политичка волја, каква што во минатото била поизразена.

    „Сега е вистинското време таа политичка волја повторно да се воспостави“, порача Муцунски на министерската сесија посветена на геополитичките промени, безбедноста, коридорите и проширувањето.

    Тој нагласи и дека европската интеграција треба да биде процес кој ќе ги трансформира институциите, а не идентитетите, а напредокот на земјите кандидати да се оценува според заслугите и усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

    Словенечкиот министер за надворешни работи Тоне Кајзер, исто така, повика ЕУ да биде попрагматична и да го забрза проширувањето, предупредувајќи дека одложувањето може дополнително да ја ослаби позицијата на Унијата на Западен Балкан.

    Прочитај повеќе

    Се намалува бројот на хоспитализирани од западнонилска треска

    01.09.2026 во 12:40

    Јаневска до првачињата: Побарајте братче или сестриче од родителите

    01.09.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.