Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Кос: Соработката со Турција во транспортот и поврзаноста е важна за ЕУ, но постојат загрижености за демократските стандарди
    • Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери
    • Ердоган: Газа е претворена во најголемиот концентрационен логор во светот
    • Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Делчево
    • Ферати: Односите Албанија – Македонија, клуч за унапредување на соживотот и соработката
    • Димитриеска-Кочоска: Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто до 20 октомври
    • Добитничката на Нобеловата награда за мир: Човековите права се под значителен политички притисок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гореше на повеќе локации низ земјава: 26 пожари во последните 24 часа

    Гореше на повеќе локации низ земјава: 26 пожари во последните 24 часа

    01.09.2026 во 08:072 Mins Read
    ЦУК
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во последните 24 часа на територијата на земјава се евидентирани 26 пожари на отворен простор. Од нив, 20 се целосно локализирани, четири се ставени под контрола, додека два пожари сè уште се активни, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Според состојбата до 7:30 часот, активен пожар има на просторот меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај. Таму огнот зафатил нискостеблеста шума и ниска вегетација.

    Активен е и пожарот во штипскиот регион, на потегот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде што гори ниска вегетација.

    Четири пожари се под контрола. Во Македонски Брод, во близина на селата Битово, Заград и Страјане, пожарот зафатил нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Под контрола е и пожарот на Градската депонија „Острец“ во Делчево.

    Во истата категорија се и пожарот кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод, како и огнот над селото Палиград во Општина Зелениково.

    Во текот на деноноќието целосно се изгаснати уште 20 пожари. Интервенции имало на различни места, меѓу кои кај Градец во Општина Врапчиште, Подмочани во Ресен, Нежилово во Општина Чашка и Урвич во Општина Боговиње.

    Пожари биле регистрирани и на повеќе локации во Гази Баба, Струга, Долнени, Кичево, Ново Село, Старо Нагоричане, Желино, Кавадарци и Свети Николе.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане

    09.10.2026 во 19:54

    Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери

    09.10.2026 во 19:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.