Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шест бугарски пратеници дојдоа да следат судење за сообраќајка во Кочани
    • Путин: Ќе ме обесат
    • Трамп: Ако не сакате дата-центри ќе бидете заостанати и сиромашни
    • Гаши: Сите закони ќе бидат ставени на дневен ред
    • Се затвораат 26 подрачни училишта – 148 веќе се без ученици
    • Трамп: Иран е пропадната држава
    • Средба Муцунски – Хукер во Блед
    • Извршители му ги цицаат парите на Касами во Тетово – првачињата останаа без ветените 100 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шест бугарски пратеници дојдоа да следат судење за сообраќајка во Кочани

    Шест бугарски пратеници дојдоа да следат судење за сообраќајка во Кочани

    31.08.2026 во 19:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шест пратеници од Бугарија денеска присуствуваа на рочиштето во Основниот суд во Кочани во судскиот процес против 23-годишната Ива Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство.

    Михаилова е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајна несреќа што се случила во октомври минатата година. Во несреќата загинало едно лице, а неколку други биле повредени, меѓу кои и Михаилова. Таа ја отфрла вината и тврди дека несреќата не настанала по нејзина вина.

    Случајот предизвика реакции во Бугарија откако Основниот суд во Кочани го одби нејзиното барање да ѝ бидат вратени личните документи за да може да продолжи со лекување во Бугарија. Судот образложил дека не биле доставени лекарски мислења дека таквото лекување не може да се спроведе во Македонија, а Апелацискиот суд во Штип на 20 август ја потврдил одлуката.

    По случајот реагираше и бугарското Министерство за надворешни работи, кое побара Михаилова да добие навремена и соодветна медицинска грижа.

    На рочиштето присуствуваа пратеници од ГЕРБ, Прогресивна Бугарија и „Демократска Бугарија“, кои најавија дека ќе го следат текот на постапката и ќе ја информираат бугарската јавност.

    Во Софија денеска беше организиран и протест пред Амбасадата на Македонија во знак на поддршка за Михаилова. За случајот двапати се огласи и бугарското Министерство за надворешни работи, а бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека прашањето ќе го отвори и на средба со генералниот секретар на Советот на Европа во Стразбур.

    Прочитај повеќе

    Гаши: Сите закони ќе бидат ставени на дневен ред

    31.08.2026 во 19:07

    Се затвораат 26 подрачни училишта – 148 веќе се без ученици

    31.08.2026 во 19:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.