Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се затвораат 26 подрачни училишта – 148 веќе се без ученици
    • Трамп: Иран е пропадната држава
    • Средба Муцунски – Хукер во Блед
    • Извршители му ги цицаат парите на Касами во Тетово – првачињата останаа без ветените 100 евра
    • Обвинетиот сериски убиец се прави луд – во судот во Куманово сведочеа 2 преживеани жени
    • Мајка и син пронајдени мртви во стан во Ниш
    • Во маркетите на Веро, Рамстор и Шпар ќе има подарок пакетче за секое прваче – понесете документ за возраста на детето
    • Пратениците утре ќе се вратат на работа – можна ли е блокада на Собранието?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се затвораат 26 подрачни училишта – 148 веќе се без ученици

    Се затвораат 26 подрачни училишта – 148 веќе се без ученици

    31.08.2026 во 19:04Updated:31.08.2026 во 19:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новата учебна 2026/2027 година ќе почне со 26 привремено затворени подрачни училишта поради недоволен број ученици. Во дел од нив нема ниту едно запишано прваче, а во други наставата досега ја следеле само неколку деца.

    Учениците од овие подрачни училишта ќе го продолжат образованието во најблиските поголеми училишта.

    Намалувањето на бројот на ученици доведе и до оптимизација на паралелките. Според министерката за образование Весна Јаневска, во новата учебна година ќе има вкупно 433 паралелки помалку – 222 во основното и 211 во средното образование.

    Во образовниот систем има околу 238.000 ученици, од кои 174.000 основци и 64.000 средношколци. Досега се запишани 14.952 првачиња и 16.932 ученици во прва година средно образование, а конечните бројки ќе бидат познати по дополнителните уписни рокови.

    Јаневска информира дека малите паралелки се спојуваат поради намалениот број ученици и посочи дека ниту еден редовно вработен наставник не останал без работа поради оптимизацијата.

    Во земјава во моментов има и 148 училишни објекти без ниту еден ученик, најголем дел во помалите и руралните населени места.

    Паралелно, во тек е проширување на капацитетите на 14 училишта, главно во скопските општини, а во следните месеци треба да почнат уште 15 вакви проекти.

    Прочитај повеќе

    Средба Муцунски – Хукер во Блед

    31.08.2026 во 18:58

    Извршители му ги цицаат парите на Касами во Тетово – првачињата останаа без ветените 100 евра

    31.08.2026 во 18:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.