Во Скопје од 1 до 4 септември ќе се одржат три бесплатни концерти во рамки на одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.
На 1 септември на плоштадот „Македонија“ ќе настапат Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Маја Оџаклиевска, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, како и Ана и Игор Дурловски заедно со Хозе Карерас.
На 2 септември, на платото пред арената „Борис Трајковски“, во рамки на настанот „Најдоброто од Македонија“, ќе настапат Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари.
На 4 септември на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи настанот „Силно светнал ден“, со учество на бројни музичари и уметници.
Сите три настани започнуваат во 20 часот.
На 8 септември, на Денот на независноста, на Националната арена „Тоше Проески“ ќе настапи Дејвид Гета. Картите за концертот се веќе распродадени.

