Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се очекува натпросечно топла есен во цела Европа
    • Ангелов: Од 23 пожари активни се седум, најкритично е кај Пелистер и селото Градец
    • Испливаа морничави детали поврзани со мртвото бебе во Грција – во станот пронајдено и бремено дете
    • Објавени првите слики на Мадуро од затвор
    • Подгответе се: УХМР најавува поројни дождови, грмежи и можност за град
    • Последниот бран: Вчера вечерта со часови се чекало за влез во Македонија
    • Коцевски: Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит им се ставени на располагање на општините
    • Обезбедени учебници за сите ученици – стартува новата учебна година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се очекува натпросечно топла есен во цела Европа

    Се очекува натпросечно топла есен во цела Европа

    31.08.2026 во 12:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ел Нињо продолжува да се зајакнува, а според најновата проценка на американската Национална управа за океани и атмосфера – NOAA, постои повеќе од 90 проценти веројатност дека феноменот ќе стане многу силен во текот на есента и зимата 2026/2027 година.

    Проценките покажуваат и 69 проценти веројатност дека во периодот од октомври до декември Ел Нињо ќе достигне ниво кое, според релативниот индекс RONI, би го направило најсилниот регистриран од 1950 година.

    Ел Нињо се јавува кога ослабуваат пасатните ветрови кои вообичаено ги придвижуваат топлите површински води во екваторијалниот Пацифик кон запад. Тогаш топлата вода се поместува кон централниот и источниот Пацифик, што предизвикува промени во атмосферскиот притисок, врнежите и ветровите и може да влијае врз временските услови во различни делови од светот.

    NOAA проценува дека постои 95 проценти веројатност Ел Нињо од октомври до декември да биде во категоријата на многу силни настани. Веројатноста феноменот да продолжи и во периодот од февруари до април 2027 година се проценува на 97 проценти, а од март до мај на 82 проценти.

    Сепак, од NOAA предупредуваат дека дури и исклучително силен Ел Нињо не значи дека очекуваните последици ќе се почувствуваат на ист начин во сите делови од светот.

    За Европа, сезонската прогноза на Коперникус покажува зголемена веројатност за натпросечно топла есен во речиси целиот континент. Моделите покажуваат и можност за повеќе врнежи од просекот во јужна и западна Европа.

    Прогнозите за врнежите во Европа, сепак, се помалку сигурни од оние за тропските региони. Влијанието на Ел Нињо врз Европа е индиректно и зависи и од состојбата на северниот Атлантик, Северноатлантската осцилација, поларниот вртлог, температурата на Средоземното Море и други фактори.

    Прочитај повеќе

    Испливаа морничави детали поврзани со мртвото бебе во Грција – во станот пронајдено и бремено дете

    31.08.2026 во 12:28

    Објавени првите слики на Мадуро од затвор

    31.08.2026 во 12:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.