Четириесет и петгодишен жител на Житоше е приведен во Прилеп откако полицијата утврдила дека управувал автомобил со 2,05 промили алкохол во крвта.
Според полициските информации, М.Ш. бил запрен утрово во 03:20 часот на улицата „Прилепски бранители“.
При контролата, полициските службеници од ОВР Прилеп сопреле „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, а алкотестирањето покажало 2,05 промили алкохол во крвта.
Возачот бил лишен од слобода, а по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

