Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ДПМНЕ со лаги ги прикрива
    • Трамп: Нафтата од Венецуела е подарок за Американците
    • ЕУ го руши бизнисот на Тему – кинезите се приспособуваат
    • Пекол уште во 11 часот: УХМР ги измери температурите – Попладне пресврт
    • Грција потпишува голем воен договор со Израел
    • ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата се намалува, горивата се меѓу најевтините во регионот
    • Недвижностите брзо растат: Просек квадрат во Скопје од 1650 скокна на 2150 евра
    • ДУИ: Вратете ги 6-те милиони евра за Булеварот „Хасан Приштина“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ДПМНЕ со лаги ги прикрива

    Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ДПМНЕ со лаги ги прикрива

    31.08.2026 во 11:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ денеска преку прес-конференција на портпаролката и членка на ИО, Богданка Кузеска, упати обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски дека далеку од очите на јавноста договара бизниси со стратешките ресурси на државата.

    „Секој ден излегуваат нови детали кои го потврдуваат она за што СДСМ предупредува: под радарот, далеку од очите на граѓаните, се договараат бизниси со стратешките ресурси на Македонија: водата, струјата, земјата. Мицкоски вели дека се ќе биде транспарентно а јавно признава дека преговара со 5-6 инвеститори. Со кого се договара Мицкоски ‘под радарот’ никој не знае. Имиња не се објавуваат“, изјави Кузеска.

    Таа праша на кого му се ставаат на располагање ресурсите и колку тоа ќе ги чини граѓаните во пари, вода и плодно земјиште, оценувајќи дека премиерот работи без транспарентност.

    Од СДСМ реагираа и на изјавите на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, истакнувајќи дека тврдењата оти комерцијалните дата-центри се поврзани со европската реформска агенда претставуваат манипулација.

    „Тврдењата дека комерцијалните дата центри имаат врска со Реформската агенда со Европската Унија е класична лага. Што има заедничко националниот дата-центар за чување на податоци на државните институции со комерцијалните дата-центари што Мицкоски ги договора за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода? Апсолутно ништо“, рече Кузеска.

    Според портпаролката на опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ ги меша јавните обврски со приватните инвестиции за да ги покрие приватните интереси и неисполнетата Реформска агенда.

    „ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси за профити и провизии. Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити“, заклучи Кузеска.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата се намалува, горивата се меѓу најевтините во регионот

    31.08.2026 во 11:13

    ДУИ: Вратете ги 6-те милиони евра за Булеварот „Хасан Приштина“

    31.08.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.