Close Menu
Press24
    Најново

    Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 11:50

    Се молиме, по потекло се од тука, живеат во Равена – Центар Жупа во црно по сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 14:11

    Во септември растат пензиите: Колку пари ќе добијат македонските пензионери

    28.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проблеми за македонски владин директор по објавена посвета за Ратко Младиќ
    • Анѓушев: Македонија може да ја складира евтината струја во батерии и да ја извезува кога цените се високи
    • Муцунски: Дипломатските односи со Израел се еден од нашите приоритети
    • Германија гради 99 дата центри
    • Поранешен советник на Заев вмешан во афера во Косово за соработка со српски тајни служби
    • УХМР: Попладне доаѓа невреме
    • ВИДЕО: Од Аудито не остана ништо – словенечката полиција објави детали за сообраќајката
    • Трамп се прогласи за најголемиот Претседател во американската историја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проблеми за македонски владин директор по објавена посвета за Ратко Младиќ

    Проблеми за македонски владин директор по објавена посвета за Ратко Младиќ

    29.08.2026 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, предизвика реакции во јавноста откако на својот профил на Инстаграм споделил објава посветена на поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој на 27 август почина во притвор во Хаг додека издржуваше доживотна затворска казна.

    Китановиќ објавил фотомонтажа, на која Младиќ е прикажан заедно со повеќе личности од српската историја, меѓу кои и четничкиот командант Дража Михајловиќ. На фотографијата стои пораката „Генерали на небеската војска“.

    Реакциите се засилија и поради функцијата што ја извршува Китановиќ. Агенцијата на чие чело се наоѓа е задолжена за остварување и заштита на правата на заедниците и унапредување на меѓуетничката доверба.

    Младиќ беше правосилно осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина. Меѓу делата за кои беше осуден е и геноцидот во Сребреница во 1995 година, каде беа убиени повеќе од 8.000 Бошњаци.

    По објавата реагираа СДСМ и ДУИ. Од СДСМ побараа премиерот Христијан Мицкоски да се изјасни дали ваквиот однос кон Младиќ е став на Владата или индивидуален став на владин функционер, додека ДУИ побара разрешување на Китановиќ и политичка одговорност од партнерите во власта.

    Реагираше и ВЛЕН, од каде што соопштија дека најостро осудуваат какво било глорифицирање на четничкото движење и величање на Ратко Младиќ. Без директно да го именуваат Китановиќ, од коалицијата порачаа дека е особено проблематично вакви содржини да споделува лице кое раководи со институција задолжена за правата на заедниците.

    „Оној кој не ги почитува жртвите и вредностите на соживотот не може да биде гарант на правата на заедниците“, порачаа од ВЛЕН.

    Полемики предизвикала и објава на Фејсбук-страницата на Демократската партија на Србите во Македонија, во која Младиќ е опишан како генерал кој животот го ставил во служба на својот народ, со порака дека „времето ќе суди“ и „историјата ќе се сети“.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Дипломатските односи со Израел се еден од нашите приоритети

    29.08.2026 во 10:11

    УХМР: Попладне доаѓа невреме

    29.08.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.