Close Menu
Press24
    Најново

    Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 11:50

    Се молиме, по потекло се од тука, живеат во Равена – Центар Жупа во црно по сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 14:11

    Во септември растат пензиите: Колку пари ќе добијат македонските пензионери

    28.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кочовска: Јавните пари мора да се чуваат и да се трошат ефикасно
    • Тешка несреќа во Велес: Воз удрил во автомобил
    • Растат пензиите – од понеделник ќе се знае колку
    • ЛДП: Владата да се огради од величењето на Ратко Младиќ
    • Денеска се слави Јоаким Осоговски – чуда се случуваат од неговите мошти
    • Проблеми за македонски владин директор по објавена посвета за Ратко Младиќ
    • Анѓушев: Македонија може да ја складира евтината струја во батерии и да ја извезува кога цените се високи
    • Муцунски: Дипломатските односи со Израел се еден од нашите приоритети
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поранешен советник на Заев се спомнува во афера во Косово за соработка со српски тајни служби

    Поранешен советник на Заев се спомнува во афера во Косово за соработка со српски тајни служби

    29.08.2026 во 09:59Updated:29.08.2026 во 11:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Името на поранешен советник на експремиерот Зоран Заев за локална самоуправа, се појавува во обвинителните материјали во Косово против политичкиот аналитичар Фатмир Шехоли, кој е обвинет за шпионажа и уцена.

    Специјалното обвинителство на Косово на 25 август поднесе обвинение против Шехоли, тврдејќи дека бил регрутиран од српската Безбедносно-информативна агенција – БИА и дека собирал и пренесувал информации за политичките активности, безбедносната состојба и функционирањето на институциите во Косово.

    Според делови од обвинението што ги објавија косовските медиуми, на 20 и 21 декември 2024 година Шехоли комуницирал преку WhatsApp со советникот, при што се разговарало за организирање средба со Бојан Димиќ, кого косовските истражители го идентификуваат како службеник на БИА.

    Според обвинението, Шехоли на 5 август 2025 година на овој контакт испратил документ означен како „Top Secret 2“.

    Шехоли обвинет за шпионажа и уцена

    Според Специјалното обвинителство на Косово, Шехоли до неговото апсење во октомври 2025 година наводно дејствувал по задачи на службеници на БИА и собирал информации и документи од интерес за српската разузнавачка служба.

    Покрај шпионажа, тој е обвинет и за уцена на лице од Косово, од кое, според обвинението, барал повеќе од 13.000 евра.

    Предметот е пред Основниот суд во Приштина, а првото рочиште е закажано за 7 септември.

    Прочитај повеќе

    Полни страници – што пишуваат регионалните медиуми за сообраќајката во Словенија во која загинаа 3 Македонци

    28.08.2026 во 09:30

    Шенген проблеми: Над 50 српски возачи вратени од ЕУ

    28.08.2026 во 09:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.