Close Menu
Press24
    Најново

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија

    27.08.2026 во 22:42

    Додиќ: Може да сметате на тоа дека Ратко Младиќ е убиен

    27.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали: Две од жртвите во сообраќајката во Словенија се деца – стигна писмо до МНР
    • Петрова: Во Скопје нема политичка волја за Бугари во Уставот
    • Уапсени познати крадци од Кочани
    • За еден ден пазарната вредност на „Нвидиа“ скокна за 440 милијарди долари
    • УХМР: Услови за невреме попладнево
    • Крими мајсторија: Среде работно време украле дијаманти од музеј во Виена
    • Стевчо Јакимовски од затвор во болница?
    • Во септември растат пензиите: Колку пари ќе добијат македонските пензионери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови детали: Две од жртвите во сообраќајката во Словенија се деца – стигна писмо до МНР

    Нови детали: Две од жртвите во сообраќајката во Словенија се деца – стигна писмо до МНР

    28.08.2026 во 11:341 Min Read
    ФОТО: X
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две малолетни и едно полнолетно лице, сите македонски државјани, се трите жртви во тешката сообраќајна несреќа што се случи на приморскиот автопат во Словенија. Уште двајца македонски државјани се повредени.

    Информацијата ја потврди Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, откако македонската Амбасада во Љубљана добила официјален допис од словенечката полиција.

    „Во незгодата во Словенија животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани“, соопшти МНР.

    Случајот го истражуваат надлежните полициски органи во Копер, а македонската Амбасада во Љубљана останува во комуникација со словенечките институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

    Во автомобилот се превезувале вкупно пет македонски државјани. Според првичните сознанија на словенечката полиција, камион поради дефект бил запрен во ниша покрај автопатот, кога автомобилот од засега непознати причини удрил во задниот лев дел од неговата приколка.

    Трите лица починале на самото место. Еден од двајцата повредени со хеликоптер бил пренесен во болница, додека повредениот возач бил транспортиран со возило на Итната медицинска помош.

    Истрагата треба да ги утврди точните причини и околности под кои дошло до трагичниот судир.

    Прочитај повеќе

    Уапсени познати крадци од Кочани

    28.08.2026 во 11:11

    Сообраќајка пред Кичево: Се судрил со полициски автомобил – 4 повредени

    28.08.2026 во 09:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.