Close Menu
Press24
    Најново

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија

    27.08.2026 во 22:42

    Додиќ: Може да сметате на тоа дека Ратко Младиќ е убиен

    27.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Последен поздрав за омилениот монарх – почина норвешкиот крал Харалд
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче шири паника секогаш кога има нова можност за Македонија
    • Шенген проблеми: Над 50 српски возачи вратени од ЕУ
    • Доаѓа ли крајот на Вучиќ – Србија се подготвува за избори
    • Што сè бара изградбата на дата-центар и колку пари е тоа
    • Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати
    • Хаг ја истражува смртта на Младиќ – Додиќ веќе прогласи убиство
    • Премиерот Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Последен поздрав за омилениот монарх – почина норвешкиот крал Харалд

    Последен поздрав за омилениот монарх – почина норвешкиот крал Харалд

    28.08.2026 во 09:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Норвешкиот крал Харалд V почина утрово во 6:35 часот во Националната болница во Осло на 89-годишна возраст, соопштија официјално од Кралскиот дворец.

    Со заминувањето на Харалд V завршува една богата ера за Норвешка, каде што тој важеше за еден од најомилените монарси кој до последниот ден остана исклучително посветен на својот народ.

    Харалд V е роден на 21 февруари 1937 година во Скаугум. Неговото детство го одбележа Втората светска војна — како тригодишен принц, по германскиот напад врз Норвешка, заедно со мајка си и сестрите мораше да побегне во САД преку Шведска. Кралското семејство повторно се обедини во татковината по завршувањето на војната во 1945 година.

    Во 1957 година, по смртта на неговиот дедо, кралот Хокон, Харалд официјално стана престолонаследник. Стекна врвно образование — ја заврши Кралската норвешка воена академија во 1959 година, а потоа студираше општествени науки, историја и економија на престижниот колеџ Балиол во Оксфорд.

    Неговиот приватен живот исто така остави голем белег во историјата. Во 1968 година се ожени со Соња Харалдсен, откако по години борба неговиот татко, кралот Олав, Конечно даде согласност за брак со жена која не потекнува од кралско семејство. Заедно ги добија децата Марта Луиза и престолонаследникот Хокон. По смртта на кралот Олав во 1991 година, Харалд V ја положи заклетвата пред норвешкиот парламент (Стортингот) и го презеде престолот.

    Прочитај повеќе

    Шенген проблеми: Над 50 српски возачи вратени од ЕУ

    28.08.2026 во 09:16

    Доаѓа ли крајот на Вучиќ – Србија се подготвува за избори

    28.08.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.