Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Привремено се затвораат четири подрачни училишта во Делчево поради недостиг на ученици
    • Ужасен напад на Закинтос: Двајца балкански мажи осомничени за силување туристка
    • Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство
    • Стефковски: По 60 години реконструирана е улицата „Жан Жорес“ во Маџари
    • Партнерство со Lidl: Катализатор за стандардизација и раст на македонските производители
    • Трагедијата што го промени Ратко Младиќ засекогаш, но и ден денес е мистерија
    • Последната желба на Ратко Младиќ го крши срцето
    • Драма на Халкидики: Тешко повредена туристка, едно лице уапсено
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Привремено се затвораат четири подрачни училишта во Делчево поради недостиг на ученици

    Привремено се затвораат четири подрачни училишта во Делчево поради недостиг на ученици

    27.08.2026 во 16:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четири подрачни училишта во општина Делчево привремено ќе престанат со работа поради драстичното намалување на бројот на ученици и високите трошоци за нивно одржување. Одлуката беше изгласана на 15-та седница на Советот на Општина Делчево, по спроведената постапка за оптимизација на училишната мрежа.

    Станува збор за подрачните училишта во селата Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче. Општинскиот советник за образование Ванчо Новоселски објасни дека одлуката е донесена по детални анализи на бројот на ученици, финансиските импликации и по консултации со родителите.

    „Причината е драстичното намалување на учениците во подрачните училишта, но и финансиската импликација“, образложи Новоселски, додавајќи дека годишните трошоци за струја, плати, вода и огрев за овие четири училишта достигнуваат околу 10 милиони денари.

    Понеповолен однос наставник-ученик од националниот просек

    Според Новоселски, дополнителен показател е и односот наставник-ученик. Додека просекот на национално ниво е еден наставник на 17 ученици, во Делчево тој однос е значително понеповолен, со тенденција на натамошно намалување на бројот на учениците во подрачните училишта.

    Како пример го посочи училиштето во Ѕвегор, каде што од четири ученици, три веќе се запишуваат во централното училиште, а во дел од подрачните училишта се формираат комбинирани паралелки со само неколку деца.

    На одлуката ѝ претходел план за оптимизација изготвен од општинска работна група. По одржаните состаноци, сите родители од Габрово и Ѕвегор се согласиле децата да го продолжат образованието во централното основно училиште „Ванчо Прке“, додека за учениците од Вирче се договорени решенија согласно нивниот избор, вклучително и префрлање во „Св. Климент Охридски“.

    Училиштата не се затвораат трајно

    Новоселски нагласи дека станува збор за привремен престанок со работа. Министерството за образование и наука веќе даде согласност за привремен престанок со работа на подрачните училишта во Габрово и Ѕвегор при ООУ „Ванчо Прќе“, како и на училиштата во Стамер и Вирче при ООУ „Св. Климент Охридски“.

    Доколку во иднина се создадат услови и се зголеми бројот на ученици, тие повторно би можеле да започнат со работа. Објектите нема да останат неискористени – се разгледува можноста грижата за нив да ја преземат месните заедници или невладини организации за активности од општ интерес.

    Во однос на наставниот кадар, на советнички прашања беше појаснето дека наставниците ангажирани на неопределено време ќе бидат задржани, додека договорите на оние на определено време нема да бидат продолжени доколку нема услови за нивен ангажман.

    Прочитај повеќе

    Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство

    27.08.2026 во 16:14

    Стефковски: По 60 години реконструирана е улицата „Жан Жорес“ во Маџари

    27.08.2026 во 15:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.