Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Започнаа контролите за поевтин училишен прибор: Казни до 10.000 евра и 15 дена клуч на врата за прекршителите
    • Кој беше Ратко Младиќ
    • Сe огласи семејството на Ратко Младиќ
    • Школскиот прибор ќе биде поевтин за 15% за да им биде полесно на родителите
    • Почина Ратко Младиќ
    • Граѓаните од Студеничани да пријават кој ја пали Китка – ако видите некој со канта вртете во полиција
    • Гевгелија гори попладнево: Погледнете ги сите температури измерени во 14 часот
    • Кога зборував за наталитетот ме критикуваа а сега имаме 200 паралелки помалку
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Започнаа контролите за поевтин училишен прибор: Казни до 10.000 евра и 15 дена клуч на врата за прекршителите

    Започнаа контролите за поевтин училишен прибор: Казни до 10.000 евра и 15 дена клуч на врата за прекршителите

    27.08.2026 во 15:052 Mins Read
    ФОТО: Gemini_Generated_Image_xu3mpvxu3mpvxu3m
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) започна со соодветни контроли на терен врз правните субјекти и трговците за да провери дали се почитува одлуката на Владата за намалување на цените на училишниот прибор. Владината мерка предвидува намалување од најмалку 10 проценти во трговијата на големо и најмалку 15 проценти во трговијата на мало, а стапи на сила на 25 август и ќе важи до 30 септември 2026 година.

    Според ДПИ, трговците на мало се должни производите од оваа одлука јасно да ги обележат на полиците со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, преземен од интернет-страницата на Министерството за економија и труд. На производите мора да бидат истакнати и претходната продажна цена и новата намалена цена.

    • согласно одредбите на одлуката, највисоките цени на производите опфатени со одлуката се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 1 јуни 2026 година во трговијата на големо, кои цени се намалуваат најмалку за 10 проценти, како и во трговијата на мало (специјализирани продавници за продажба на училишен прибор, продавници за спортска опрема кои продаваат ранци и ташни и трговци на мало кои во својот асортиман на производи продаваат и училишен прибор), кои цени се намалуваат најмалку за 15 проценти, појаснуваат од ДПИ.

    По исклучок, за артиклите кои се набавени по 1 јуни 2026 година, највисоките цени се утврдуваат според евиденцијата во Материјалната евиденција во трговијата на големо (намалени за најмалку 10%), односно според Приемниот лист во трговијата на мало (намалени за најмалку 15%).

    Пазарните инспектори најавуваат интензивни контроли на територијата на целата држава. Глобите за непочитување се движат од 500 до 10.000 евра во зависност од големината на субјектот, согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите. За целосно непочитување на одлуката предвидена е и мерка привремена забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена.

    Од инспекторатот апелираат до трговците да ги почитуваат обврските, а граѓаните можат да пријават неправилности на телефонскиот број 191 или на веб-страницата www.dpi.gov.mk.

    Мерката опфаќа широк асортиман на производи потребни за учебната година: ранци, ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи, пенкала, боички, пластелин, фломастери, маркери, темперни, акрилни и водни бои, четки, линијари, дидактички материјали, острилки, гуми, ножици, футроли, лепила, шестари, дигитрони, папки и украсна хартија.

    Прочитај повеќе

    Почина Ратко Младиќ

    27.08.2026 во 14:45

    Гевгелија гори попладнево: Погледнете ги сите температури измерени во 14 часот

    27.08.2026 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.