Највисока температура во 14 часот попладнево е измерена во Гевгелија, каде што мерните станици покажаа 38,5 степени Целзиусови, покажуваат најновите податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Екстремно топло е и во останатите градови низ државата. Во Кавадарци се измерени 37,1 степени, во Демир Капија 36,8, а во Струмица и Велес беа измерени 36,6 односно 36,5 степени. Високи температури се регистрирани и во Куманово со 36,0 степени и Штип со 34,3 степени.
Во Виница се измерени 34,0 степени, Тетово бележи 33,9, Крива Паланка 32,8, а во Битола се измерени 32,5 степени.
Најсвежо во 14 часот е на Попова Шапка со измерени 22,2 степени и во Крушево со 28,1 степени. За Лазорополе, Зајчев Рид и Радовиш Пожар во овој мерен термин нема официјални податоци.

