Close Menu
Press24
    Најново

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Малолетниците FB и Instagram ќе може да користат само 2 часа дневно – што значи новата спогодба на Мета

    Малолетниците FB и Instagram ќе може да користат само 2 часа дневно – што значи новата спогодба на Мета

    27.08.2026 во 12:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Мета“ се согласи да плати до 18 милијарди долари во рамки на спогодба со американските сојузни држави по тужбите во кои компанијата беше обвинета дека „Фејсбук“ и „Инстаграм“ се дизајнирани на начин што може да создава зависност кај децата и тинејџерите. Компанијата не призна вина, а договорот треба да добие судско одобрение пред да стапи во сила.

    Најголемите промени ќе ги почувствуваат корисниците под 18 години. За нив ќе биде поставен стандарден дневен лимит од два часа за користење на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ заедно. Тоа значи дека ако тинејџер помине еден час и половина на „Инстаграм“, ќе му останат уште 30 минути за „Фејсбук“. Лимитот ќе може да се исклучи само со дозвола од родител или старател.

    Од полноќ до 6 часот наутро пристапот до главните содржини на апликациите стандардно ќе биде блокиран. Малолетниците нема да можат да гледаат Feed, Stories, Explore или Reels, ниту да објавуваат нови содржини во тој период. Предвиден е и таканаречен „училиштен режим“ – од 8 до 15 часот известувањата автоматски ќе бидат исклучени, со исклучок на директните пораки и известувањата поврзани со безбедноста на профилот.

    Младите корисници ќе добиваат и потсетување по секои 15 минути непрекинато користење на апликациите, како и дополнителни предупредувања кога дневното време ќе достигне 60 и 90 минути. Целта е да се намали автоматското и долготрајно „скролање“ и да се поттикнат тинејџерите посвесно да го контролираат времето поминато на социјалните мрежи.

    Меѓу мерките е и криење на бројот на „лајкови“ и реакции за корисниците под 18 години, со што треба да се намали социјалниот притисок и постојаното споредување со другите. Предвидено е и зајакнување на системите за проверка на возраста и поголема родителска контрола врз начинот на кој малолетниците ги користат платформите.

    За децата под 13 години правилото останува непроменето – според условите на „Мета“, тие воопшто не треба да имаат стандарден профил на „Фејсбук“ или „Инстаграм“. Новите механизми за проверка на возраста треба полесно да откриваат профили на деца кои навеле лажна возраст.

    Од „Амнести интернешенел“ ја поздравија спогодбата, оценувајќи дека може да претставува пресвртница во начинот на кој социјалните мрежи ги третираат најмладите корисници. Организацијата со години предупредува дека големите платформи се дизајнирани да го максимизираат ангажманот и времето што корисниците го поминуваат на нив, додека заштитата на децата останува недоволна.

    Сепак, од „Амнести“ предупредуваат дека договорените промени не го решаваат целиот проблем. Хиперперсонализираните алгоритамски содржини и натаму ќе бидат стандардно активирани, иако организацијата смета дека токму системите за препораки можат да ги насочуваат децата кон штетни или проблематични содржини.

    Најголемиот дел од мерките треба да останат во сила десет години, а независен ревизор ќе проверува дали „Мета“ ги почитува договорените правила. Доколку и „ТикТок“ и „Јутјуб“ прифатат слични стандарди, ограничувањата би можеле дополнително да се заострат – со дневен лимит од еден час на секоја платформа и подолга ноќна блокада, од 22 до 7 часот.

    Спогодбата засега се однесува на САД и не значи дека истите правила автоматски ќе важат за малолетниците во Европа или Македонија. Но договорот веќе отвори поширока меѓународна дебата дали ваквите ограничувања треба да станат глобален стандард за сите големи социјални платформи.

    Прочитај повеќе

    Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата

    28.10.2026 во 12:44

    Мајкрософт создава AI доктор?

    23.10.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.