Македонија ја очекува уште еден период на многу топло и претежно сончево време, со температури кои за време на викендот ќе достигнуваат до 39 степени.
Во петок се очекува сончево и многу топло време со максимална дневна температура до 39 степени, додека утринската ќе се движи околу 18 степени. Веројатноста за врнежи е минимална.
Слично време ќе продолжи и во сабота. Ќе има висока облачност, но дневната температура повторно ќе достигне до 39 степени, а минималната ќе биде околу 18.
Во недела ќе биде претежно сончево и многу топло, но за неколку степени посвежо, со максимални 36 и минимални 17 степени.
Почетокот на следната недела повторно носи високи температури. Во понеделник се прогнозираат до 38 степени, а во вторник околу 36. Во вторник времето ќе биде сончево и многу топло, но со помала влажност на воздухот.
И во среда ќе продолжи стабилното и претежно сончево време, со максимална температура од околу 36 и минимална од 18 степени.
Позначителна промена се очекува од четврток, 3 септември. Температурата ќе се намали на околу 32 степени, а во попладневните часови се зголемува можноста за дожд и локални врнежи. Веројатноста за врнежи се проценува на околу 55 проценти.
Уште посвежо ќе биде во петок, 4 септември, кога максималната температура ќе се спушти на околу 30 степени, а минималната на 14. Се очекува променливо време со повремени врнежи, со веројатност за дожд од околу 60 проценти.
Според прогнозата, најтопол период ќе бидат петок и сабота со 39 степени, а првото посериозно освежување се очекува кон крајот на следната недела.

