Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Ормуска Теснина погоден товарен брод
    • Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина Охрид
    • Заменик-командантот на НАТО предупредува: Путин станува сè поопасен, невнимателен и склон кон ризици
    • Трамп со остри обвинувања: Канада се уништува самата себеси со неконтролирана миграција
    • Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка
    • Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
    • Манасиевски до Николовски: Кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули
    • Истрага во Скопје: Физички нападнат лекар-гинеколог во ординација во поликлиниката „Букурешт“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката

    Филипче: Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката

    22.09.2025 во 21:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво – нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,Венко Филипче, во општина Гази Баба.

    Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината.

    „Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет“, рече Филипче.

    Во изјавата, Филипче додаде дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Гази Баба, Влатко Митовски, има реални и издржани проекти кои се одговор на потребите на жителите на оваа општина.

    „Влатко Митовски пред граѓаните излегува со издржани решенија во програмата, за надминување на проблемот со кучињата скитници, за нова спортска сала, затворен базен но и субвенции за пазарџиите. Потребите на граѓаните на Гази Баба буквално се преточени во соодветни решенија“, рече Филипче.

    На овие локални избори како што кажа Филипче, разликата е јасна – граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе кои стојат зад својот збор и луѓе кои бегаат како кукавици при првата криза.

    „Не ветуваме лесен пат, но ветуваме борба – борба со главата високо. Време е за мерка во политиката: компетентност и резултати наместо гол ПР, работа наместо парада, ред наместо партиски хајки. Ве повикувам на заедничка борба, за подобра Гази Баба, за вашето семејство, за вашата улица, за вашиот град, за нашиот дом“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Пожарникари го сечеле возилото, еден починат на лице место – Страшна сообраќајка го потресе регионот

    22.09.2026 во 09:55

    Војната со Иран ги чини САД над 38 милијарди долари: Месечните трошоци достигнуваат до 3 милијарди

    16.09.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.