Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери
    • Обвинителството со детали: Обезбедени наредби за претрес кај виш јавен обвинител од Битола поради сомневања за корупција
    • МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Меси добива титула „Почесен доктор“ од Универзитетот во Буенос Аирес
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вучиќ: Кај да бегам, и затворот ми е поубав од туѓина

    Вучиќ: Кај да бегам, и затворот ми е поубав од туѓина

    25.08.2026 во 20:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли тврдењата на опозицијата дека би можел да ја напушти Србија доколку ги загуби изборите, порачувајќи дека нема причина да бега од земјата и дека ќе остане во Србија без оглед на исходот.

    Реакцијата следуваше по изјавите на претседателот на Демократската партија Срѓан Миливојевиќ, кој тврдеше дека Вучиќ ќе се обиде да ја напушти земјата по евентуален изборен пораз.

    „Зошто да бегам?“, праша Вучиќ, додавајќи дека неговата власт, според него, ја изградила и развила Србија повеќе од кога било претходно. Тој истовремено оцени дека опозицијата однапред знае каков ќе биде изборниот резултат и затоа веќе реагира со обвинувања.

    Вучиќ порача дека нема имот или сметки во странство и дека нема намера да ја напушти Србија.

    „Секој затвор во Србија ми е поубав од сонцето на кое било друго место во светот“, рече Вучиќ, додавајќи дека е роден во Србија и дека таму ќе остане.

    Српскиот претседател се осврна и на ситуацијата на Косово, нагласувајќи дека Белград ќе ги користи сите дипломатски и мирни средства за заштита на српското население. Тој рече дека Србија во моментов не сака конфликт со НАТО, но дека нема да дозволи, како што наведе, прогон на Србите.

    Прочитај повеќе

    Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект

    06.10.2026 во 19:15

    Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње

    06.10.2026 во 18:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.