Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 
    • Трамп: Го следиме „секој квадратен сантиметар“ од Ормутскиот Теснец
    • Топлотен бран во Грција: Во Атика и навечер над 30 степени
    • Почина ѕвездата Доли Партон, на 80-годишна воздраст
    • 410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор
    • Витаминот е Б12 клучен за мажи над 50 години
    • OnlyFans има само 47 вработени – лани направиле над 700 милиони долари профит
    • Трамп не послушал: Го предупредиле дека војната со Иран ќе биде голем проблем
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шест нови случаи на западнонилска треска во еден ден – стигнавме до 50

    Шест нови случаи на западнонилска треска во еден ден – стигнавме до 50

    25.08.2026 во 19:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шест нови случаи на западнонилска треска се регистрирани во земјава за само еден ден, со што вкупниот број на потврдени случаи се искачи на 50. Петмина од новозаболените се од Скопскиот регион, а прв случај е потврден и во Куманово.

    Тројца од новите пациенти се жители на Гази Баба и се на возраст над 70 години. Еден пациент е 26-годишен жител на Зелениково, а уште еден, на возраст од 59 години, е од Аеродром.

    Во Куманово вирусот е потврден кај 65-годишен маж од приградска населба, кој пред да се разболи не патувал надвор од државата. Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а од Центарот за јавно здравје Куманово информираат дека неговата состојба е тешка и дека има и повеќе хронични заболувања.

    Кај семејството на заболениот е спроведена епидемиолошка анкета, по што се најавени и мерки за дезинсекција на просторот каде што престојувал, како и на други локации каде што постои можност да бил каснат од заразен комарец.

    Речиси половина од заболените од западнонилска треска се хоспитализирани на Инфективната клиника со тешка невроинвазивна форма на болеста, која може да предизвика воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Досега летово од болеста починале пет лица.

    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор

    25.08.2026 во 20:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.