Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Густ чад го покри Скопје

    24.08.2026 во 17:18

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судење за Пулс: По градежното вештачење, одбраната ќе изведува докази
    • Нови чекори во соработката со Израел: Муцунски потпиша два билатерални документи
    • Пејачката жестоко удри по сестра си: „Од денес е мртва за мене”
    • Жешко утро пред најавеното невреме: УХМР информира каде е најтопло
    • Горивата со нови цени: Дизелот над 100 денари, поскапеа и бензините
    • Се заканувал на сопругата и малолетните деца – Скопјанка пријавила дека долг период била малтретирана
    • Ѓорѓиевски: Средните училишта во Скопје добиваат современи лаборатории и метеоролошка станица
    • ФОТО: До 3:30 часот во Гази Баба се прскаше против комарци – Градоначалникот со тимовите на терен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за Пулс: По градежното вештачење, одбраната ќе изведува докази

    Судење за Пулс: По градежното вештачење, одбраната ќе изведува докази

    25.08.2026 во 08:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Предметот се наоѓа во фаза на изведување докази, а судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска. Обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    На претходното рочиште градежните вештаци одговараа на прашањата на одбраната, при што во фокусот беа материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и градежните интервенции и реконструкции извршени во објектот.

    Професорот од Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, кој е дел од тимот што го изготвил вештачењето, објаснуваше за наодите според кои на спуштениот плафон имало полиуретански сунѓер. Тој посочи дека во објектот не биле пронајдени остатоци од материјалот бидејќи целосно изгорел, но заклучокот бил донесен врз основа на фотодокументација, снимки, други вештачења и пронајдените траги.

    Биле разгледувани и градежните интервенции од реконструкцијата во 2012 година, меѓу кои и зајакнувањето на меѓукатната конструкција со челични греди. Марковски објасни дека станувало збор за подна, а не темелна плоча, бидејќи објектот немал изведена темелна плоча.

    Одбраната го оспорувала и начинот на кој е утврден периодот на изведување на интервенциите. Марковски посочил дека тимот добил податоци од сопственикот на објектот и се повикувал на наодите од тимската работа.

    На прашањето дали постои доказ за точниот период кога била изведена интервенцијата, вештакот одговорил: „Поголем доказ од исказот на тој што го правел не може да најдете“.

    На рочиштето биле разгледувани и прашања поврзани со сопственоста на делови од објектот, договорот за закуп и изградбата на двете галерии. Во однос на конструкцијата, Марковски посочил дека галериите, кои биле додадени во 2012 година, а отстранети во 2024 година, имале влијание врз конструктивните елементи.

    Со завршувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распитот на вештите лица, се очекува да заврши изведувањето на доказите на Обвинителството. Потоа, одбраната треба да започне со изведување свои докази.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нови чекори во соработката со Израел: Муцунски потпиша два билатерални документи

    25.08.2026 во 08:46

    Пејачката жестоко удри по сестра си: „Од денес е мртва за мене”

    25.08.2026 во 08:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.