Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07

    28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми

    23.08.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Иран со ново предупредување до Бугарија: „Го задржуваме правото да го нападнеме изворот на агресијата“
    • МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
    • УХМР предупредува: Подгответе се за невреме
    • Пријавен полицаец: Возел без возачка дозвола и со поголема брзина од дозволената
    • Започна реконструкција на водоводната мреа на ул. „Маркс и Енгелс“
    • Маж на 71 година во Охрид попрскал со бензин момче од 23 години и сакал да го запали
    • Густ чад го покри Скопје
    • Шасивари – Бримора: Продолжува поддршката за реформите во правосудството и владеењето на правото
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иран со ново предупредување до Бугарија: „Го задржуваме правото да го нападнеме изворот на агресијата“

    Иран со ново предупредување до Бугарија: „Го задржуваме правото да го нападнеме изворот на агресијата“

    24.08.2026 во 18:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иран денеска повторно ја предупреди Бугарија, членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран. Техеран порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

    Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, нагласи дека Техеран нема проблем со бугарскиот народ, но предупреди дека евентуалното овозможување на воени операции од територијата на Бугарија би се сметало за учество во агресија.

    „Немаме никаков проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно дадовме до знаење дека секое дејство кое според меѓународното право претставува поддршка на американско-израелската воена агресија врз Иран, воедно претставува и учество во чинот на агресија“, изјави Багеи.

    Тој порача дека нема причина која било земја да се чувствува загрозена од Иран, „освен ако не му дозволила на агресорот да ги користи нејзините бази“.

    „Иранските претставници многу јасно зборуваа за сериозноста во одбраната на иранската територија. Ние нема да правиме никакви отстапки во однос на агресорите“, рече Багеи.

    Иранскиот функционер дополнително нагласи дека Техеран смета оти има право да реагира директно на местото од кое потекнува евентуалниот напад.

    „Иран има право да го нападне изворот, односно местото на потекло на секој чин на агресија“, додаде тој.

    Багеи се осврна и на неодамнешното присуство на американски авиони за снабдување со гориво на бугарска територија. Според него, нивното распоредување во бугарска база претставува поддршка за воените операции на САД и Израел против Иран.

    „Претходно беше објавено, а извештаите и го потврдија тоа, дека неколку авиони за снабдување со гориво ја напуштиле бугарската територија. Како што признаа и бројни бугарски граѓани и политичари, одобрувањето на престојот на тие авиони во бугарската база е во спротивност со меѓународното право и претставува поддршка за воената агресија на Соединетите Држави и израелскиот режим против Иран“, рече портпаролот.

    Иран и претходно ја предупредуваше Софија да не дозволува користење на бугарските воздухопловни бази од страна на САД во воени операции против Иран.

    Минатиот месец, бугарскиот парламентарен одбор за одбрана го одобри предлогот на владата за привремено распоредување американски авиони-цистерни за снабдување со гориво во воздух, како и американски воен персонал, во воздухопловната база Безмер.

    Одлуката предизвика остра реакција од Техеран. Багеи тогаш предупреди дека секое учество во планирањето или спроведувањето на такви операции би претставувало соучесништво во „злочин на агресија и воени злосторства“ и го повика бугарскиот парламент да го одбие распоредувањето на американските сили.

    Прочитај повеќе

    Драма на аеродромот во Диселдорф: Најотровна скорпија каснала патничка од Грција

    24.08.2026 во 11:08

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.