Дел од корисниците во општина Центар денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Прекинот на електричната енергија од 08:00 до 14:00 часот ќе ги опфати делови од улиците „9 Мај“, „Рузвелтова“ и „Христо Смирненски“, како и дел од булеварот „Теодосиј Гологанов“.
Дополнително, во периодот од 09:00 до 09:20 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Васил Главинов“.
Од ЕВН Македонија АД посочуваат дека прекините се поради планирани активности на мрежата.

