Поп-пејачката Дуа Липа деновиве ужива со семејството покрај море – на шпанските острови, но и со пријателките во Портофино.
„Нејзиниот живот е еден голем одмор“, често се шегуваат обожавателите на пејачката Дуа Липа, која, кога не е на турнеја, ужива во животот, патувањата и разновидната храна. И самата во неколку наврати признала дека ужива во таквиот начин на живот, а тоа го покажуваат и најновите фотографии на кои ужива со семејството во близина на шпанскиот остров Форментера.
Јахтата и прекрасното море ги претворила во совршена сцена за фотографирање, а сончевиот ден го поминала со сестрата Рина и братот Џин. Во костим за капење со леопардов дезен, популарната пејачка се одморала на јахтата и скокала во морето.

