Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Просечната нето-плата во јуни достигнала 48.381 денар
    • Борба со огнена стихија: Повеќе од 15 пожари во земјава, Ангелов ги соопшти деталите за четирите најкритични точки
    • Силјановска-Давкова ги посети македонските спортисти во Таранто пред отворањето на Медитеранските игри
    • Серафимовски и Миланов во Белград: Побрз и побезбеден промет на храна и животни меѓу Македонија и Србија
    • Кривична пријава за 61-годишен жител на Желино: Повеќе од еден месец полово вознемирувал вработена во продавница
    • Пожар во стан во Гевгелија: Жена го предизвикала огнот, па била пренесена во болница
    • ФОТО: Сообраќајна несреќа кај Ботун, се преврте автомобил, застој од двете страни
    • Жител на Центар Жупа заработи кривична пријава: Со ловечка пушка усмртил куче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Просечната нето-плата во јуни достигнала 48.381 денар

    Просечната нето-плата во јуни достигнала 48.381 денар

    21.08.2026 во 16:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесувала 48.381 денар, што е за 6,4 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

    Според објавените податоци, ваквиот раст на просечната плата главно се должи на зголемувањето на примањата во три сектори.

    Најголем скок е забележан во секторот административни и помошни услужни дејности, каде што платите пораснале за 10,6 проценти.

    Следуваат земјоделството, шумарството и рибарството со раст од 8,1 процент, како и секторот транспорт и складирање со зголемување од 8 проценти.

    Од друга страна, статистиката евидентира пад на просечната месечна нето-плата во споредба со претходниот месец во неколку стопански гранки.

    Најизразено намалување има кај трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила за 9 проценти.

    Пад на нето-платите е забележан и во уметноста, забавата и рекреацијата за 6,2 проценти, како и во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 проценти.

    Прочитај повеќе

    Поевтини ранци, тетратки и прибор: Во вторник ќе се дефинира училишната кошничка

    21.08.2026 во 13:10

    Мицкоски: Во Општина Прилеп се инвестираат над 12 милиони евра за капитални проекти

    21.08.2026 во 12:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.