Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија
    • Додиќ: Може да сметате на тоа дека Ратко Младиќ е убиен
    • Објавена листата со сите примени во средното полициско училиште
    • Економски патриотизам: САД им ставија царини – Канаѓаните престанаа да купуваат американски производи
    • Не изненади гужвата на Табановце
    • Седнала на ручек – на мобилен добила 1,7 милиони долари награда
    • Од вчера „Сејф Сити“ почна да казнува и мотори
    • Цените во маркетите засега стабилно високи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МЖСПП: Концентрациите на ПМ10 честичките во Трубарево не ја надминуваат законската граница

    МЖСПП: Концентрациите на ПМ10 честичките во Трубарево не ја надминуваат законската граница

    22.09.2025 во 15:132 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Индикативни мерења на суспендирани цврсти честички – фракција PM10 на две локации во зоната на Трубарево покажуваат дека концентрациите на PM10 се безбедни и не ја надминуваат законската граница, информираат од МЖСПП. 

    Се препорачува континуиран мониторинг во близина на местото на пожарот, особено при активности за чистење и рехабилитација на локацијата.

    -Клучни резултати од мерењета се просечни концентрации PM10: 36–44 µg/m³, сите во рамки на дозволената 24-часовна гранична вредност од 50 µg/m³. Материите содржани во честичките (Na, Mg, Al, Si, S, K, Ca, Fe, Cu, Zn, Pb и други) се во рамки на нормалните вредности за урбани средини. Концентрациите на PM10 се безбедни и не ја надминуваат законската граница. Се препорачува континуиран мониторинг во близина на местото на пожарот, особено при активности за чистење и рехабилитација на локацијата, стои во соопштението до МЖСПП.

    Резултатите се однесуваат за мерни места на локацијата ММ1-АК, одалечена 50 метри од пожарот и локацијата ММ2-АК, 150 метри од пожарот, во дворот на основното училиште на селото.

    -Резултатите се однесуваат исклучиво за наведените локации и период на мерење и можат да се користат само во целост. Министерството ќе продолжи со редовно следење на квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста, се вели во соопштението од МЖСПП. 

    Индикативни мерења на суспендирани цврсти честички – фракција PM10 во зоната на Трубарево, во периодот 14-18 септември 2025 година ги изврши Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Факултет за природни и технички науки, Лабораторија АМБИКОН, по барање на Министерството за животна средина и просторно планирање. 

    Прочитај повеќе

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Објавена листата со сите примени во средното полициско училиште

    27.08.2026 во 20:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.