На 20 август 2026 година, во 03:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачјето на Кисела Вода се случил инцидент.
Според пријавеното, М.З. (24) од селото Ракотинци, скопско, се обидел да влезе во казиното и покрај тоа што имал забрана за влез. Потоа почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон вработените.
По ова, бил физички нападнат од Г.В. (47) од Скопје, кој бил вработен како обезбедување во казиното.
По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

