Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алармантни податоци од Грција: 157 заразени и 13 починати од западнонилска треска
    • Објавени прелиминарните резултати од августовската матура – Важна вест за сите кои сакаат да поднесат приговор
    • Цената на нафтата повторно скокна – Дали следува голем скок на нафтата и во Македонија?
    • Рекордна наплата од патарини: Над 31 милион евра за шест месеци, познато која станица е најпрометна
    • Покрената петиција за промена на името на Косово
    • Ведрана Рудан не пуштила солза кога починал татко и: „Ме зграпчи и фрли, целата бев крв и стакла”
    • ВМРО-ДПМНЕ: Македонија станува енергетска крстосница на Балканот
    • Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алармантни податоци од Грција: 157 заразени и 13 починати од западнонилска треска

    Алармантни податоци од Грција: 157 заразени и 13 починати од западнонилска треска

    20.08.2026 во 10:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Грција заклучно со вчера претпладне се дијагностицирани вкупно 157 случаи на инфекција со вирусот Западнонилска треска, а регистрирани се и 13 смртни случаи од почетокот на сезоната.

    Според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), сите починати лица биле постари од 65 години, со просечна возраст од 82 години.

    Само во текот на изминатата седмица се регистрирани 47 нови случаи и четири починати лица.

    Од сите заразени, 116 лица се со симптоми на централниот нервен систем како енцефалитис, менингитис или акутна парализа, додека кај 41 случај се забележани благи симптоми.

    Во болниците моментално се лекуваат 42 лица, 92 пациенти се веќе отпуштени, а во десет случаи не било потребно болничко лекување.

    Најголем дел од случаите, односно вкупно 104, се регистрирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина, додека 46 се забележани во Тесалија, северна Грција и на Пелопонез, а за седум случаи се води епидемиолошко истражување.

    Поради зголемувањето на бројот на инфицирани во Атика, властите започнаа дополнително запрашување против комарци и ги зголемија активностите за 30 проценти.

    Првиот случај за оваа сезона беше регистриран на почетокот на јули, а вирусот е присутен во Грција секое лето од 2010 до 2014 година и од 2017 година до денес.

    Најтешка беше 2018 година со 317 случаи и 51 починат, додека минатата година беа регистрирани 96 случаи и девет смртни случаи.

    Прочитај повеќе

    Покрената петиција за промена на името на Косово

    20.08.2026 во 10:13

    Ведрана Рудан не пуштила солза кога починал татко и: „Ме зграпчи и фрли, целата бев крв и стакла”

    20.08.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.