Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Силно невреме ја зафати Германија: Има загинати, повредени и огромни штети
    • ВМРО-ДПМНЕ со споредба: „Платите растат 70%, а пензиите 325% побрзо“
    • Се судрија авион и полициски хеликоптер, има загинат – Трагедија на аеродром во САД
    • ФОТО: Не наседнувајте на лажни пораки за сообраќајни казни во име на МВР – граѓаните добиваат лажни СМС пораки
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: „Од водата до нилската треска – СДС креира хистерија затоа што нема аргументи“
    • СДСМ до Мицкоски: „Нека објави официјални податоци, не лична анализа“
    • ВРЕДИ со обвинувања до ДУИ: „Кој му го врзал јазикот на Бујар?“
    • Дневен хороскоп: Нов почеток за Овенот, нови можности за Близнаците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Силно невреме ја зафати Германија: Има загинати, повредени и огромни штети

    Силно невреме ја зафати Германија: Има загинати, повредени и огромни штети

    20.08.2026 во 09:392 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Една жена го загуби животот, а неколку лица се повредени во силната бура што во текот на ноќта помеѓу среда и четврток зафати повеќе делови од Германија.

    Најпогодени од невремето беа сојузните покраини Тирингија, Хесен, Баварија, Бранденбург и Рајнска област-Пфалц.

    Во Рајнска област-Пфалц, 58-годишна жена починала откако врз неа паднало дрво додека се засолнувала од бурата, додека нејзината 47-годишна придружничка била тешко повредена.

    Силен ветер уривал ѕидови од куќи, фасади и носел предмети низ улиците, а во Хесен голем број објекти претрпеа толку големи оштетувања што станаа непогодни за живеење.

    Пожарникарите во Вецлар известија за оштетувања на околу 60 куќи, каде делови од покриви летале и до 100 метри, додека во Лаубах паднато дрво оштетило резервоар за гас, поради што била извршена евакуација во радиус од 200 метри.

    Торнадо го зафати градот Фирстенвалде во Бранденбург, каде што се искоренети повеќе дрвја и се оштетени покриви, а еден 18-годишен возач бил извлекуван од противпожарните екипи откако дрво паднало врз неговиот автомобил.

    Во Тирингија противпожарните служби интервенирале најмалку 20 пати, главно во јужниот дел од покраината.

    Невремето предизвика штети и во Баварија, каде што поради превенција и безбедност бил делумно евакуиран панаѓур во Кронах, при што околу 3.500 гости го напуштиле отворениот простор.

    Прочитај повеќе

    Се судрија авион и полициски хеликоптер, има загинат – Трагедија на аеродром во САД

    20.08.2026 во 09:27

    „Еден ден шлаканица, другиот букет цвеќе” – Вака Ведрана Рудан зборуваше за својот прв брак

    20.08.2026 во 08:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.